Спорт
Федерер по десетти пат го освои турнирот каде што како дете собираше топчиња

Роџер Федерер по десетти пат го освои својот домашен турнир, Свис Индорс во Базел, откако во едностраното финале со 6:2/6:2 го збриша младиот Австралиец Алекс де Минаур.
До својата 24. последователна победа на турнирот на кој еднаш беше момче кое собира топчиња, Швајцарецот дојде за само 69 минути, доминирајќи над Австралиецот кому му се предвидува блескава иднина.
Ова беше 157. финале во кариерата за неверојатниот Федерер и 103. титула, со што се доближи на достижни шест титули од вечниот рекорд на Американецот Џими Конорс.
Roger that! ?
The moment @rogerfederer claimed his record ?th Basel ?. #SwissIndoorsBasel pic.twitter.com/Qgw4tQOYZC
— Tennis TV (@TennisTV) October 27, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Белингем буквално удри по ВАР-опремата
Реал Мадрид, во саботата доживеа сензационален пораз од Валенсија (1:2) на домашен терен. На осум рунди до крајот на сезоната Реал има четири бода помалку од Барселона.
Во понеделникот, јавноста во Шпанија не зборува за промашениот пенал на Винисиус во 13. минута, ниту пак голот на Уго Дуро од 95. минута со кој победи Валенсија.
Социјалните мрежи го истакнуваат потегот на Џуд Белингем по натпреварот. Фрустриран од поразот, на патот кон соблекувалната, Англичанецот бесот го истури врз ВАР опремата.
Според правилата на Ла Лига, неспортското однесување или „актите на агресија врз опремата“ се решаваат според дисциплинските правила. Доколку се утврди дека играчот намерно го оштетил имотот на лигата, тој може да биде санкциониран со суспензија од еден до три натпревари.
Спорт
Саутемптон, најлошиот тим во историјата на Премиер лигата

Саутемптон оваа сезона не припаѓа во Премиер лигата.
Тотенхем, вчера во 31.коло го победи Саутемптон со 2:1. За „светците“ ова беше 25. пораз во 31. коло од Премиер лигата.
Иако има уште седум натпревари до крајот, Саутемптон и официјално испадна од Премиер лигата. Ова е негативен рекорд, претходно, Дерби Каунти и Ипсвич беа отпишани на шест кола пред крајот на шампионатот во сезоните 2007/08 и 1994/95, соодветно.
До крајот на сезоната фудбалерите на Саутемптон ќе се обидат да избегнат уште еден негативен рекорд, треба да освојат најмалку два бода за да не бидат тимот со најмалку освоени бодови во историјата на англискиот шампионат.
Дерби Каунти од гореспоменатата сезона 2007/08 го држи негативениот рекорд со 11 бода.
Спорт
Хамилтон не е задоволен од болидот на Ферари

Луис Хамилтон скромно ја започна на соработката со Ферари. Со исклучок на победата во спринтот во Кина, седумкратниот светски шампион се соочува со многу проблеми.
Британецот ја заврши трката за Големата награда на Јапонија на само седмото место и со тоа го продолжи лошиот старт на сезоната на италијанскиот тим.
На отворањето на сезоната во Австралија, англискиот возач беше десетти, а во Кина беше дисквалификуван откако инспекцијата утврди дека неговиот болид не одговара на дадените пропорции.
Во Кина дисквалификација доживеа и Шарл Леклер, кој беше осми во Мелбурн и четврти во Јапонија.
Седумкратниот шампион не го крие незадоволството по слабите резултати.
„Првите три трки беа обележани со тимски грешки и лоши перформанси на болидот. Не сум на највисоко ниво, но давам се што можам со она што го имам. Одев најбрзо што можев, но болидот едноставно не е доволно брз. Се надевам дека ќе бидеме поконкурентни во остатокот од сезоната”, изјави Хамилтон.
Следната трка ќе се вози во Бахреин следниот викенд.