Спорт
Федерер со десетти трофеј во Хале за доближување до рекордот на Конорс

Роџер Федерер по 10-ти пат го освои својот омилен подготвителен турнир за Вимблдон, Гери Вебер опен во Хале, откако во финалето со 7:6(2)/6:1 беше подобар од Белгиецот Давид Гофан.
Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, обично се подготвува за гренд слемот на трева во Германија наместо како повеќето тенисери да игра на елитните турнири во Англија, како Квинс клаб.
Гофан успеа да му направи проблеми на Федерер во првиот сет, но Швајцарецот ги одбрани трите брејк топки за потоа во тај-брејкот да поведе со 1:0 по 54 минути игра. Во вториот сет, Гофан немаше одговор за играта на „Маестрото“, и направи три брејка за осма победа во деветтиот меч против Белгиецот.
Ова е трета титула заз Федерер оваа сезона по Дубаи опен и Мајами опен и 102. во кариерата и сега е на само седум од вечниот рекорд на Џими Конорс од 109 АТП титули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Шкендија, Струга и АП Брера изборија пласман во полуфиналето

Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje
Вардар, Струга, Шкендија и АП Брера изборија пласман вополуфиналето во Купот на Македонија. Првите три тима забележаа минимални победи над опонентите Силекс, Гостивар и Детонит, додека АП Брера по изведувањето пенали го победи Арсими.
Вардар до место меѓу најдобрите четири екипи во Купот дојде со триумфот над Силекс. Голот за победа го постигна Донгмо во 68.минута.
Актуелниот шампион на Македонија Струга го победи Гостивар со голот на Крхинде во 48.минута.
Шала со голот во 23.минута и ја обезбеди победата на Шкендија кај вторлигашот Детонит. Победата на Шкендија можепе да биде изразена со уште еден гол, но Адеми во 26.минута промаши пенал.
Најмногу драма имаше во Струмица. Во регуларниот дел АП брера и Аслани одиграа 1:1, а по изведувањето пенали домашните славеа со 4:3.
Спорт
Федерацијата им ја исплати премијата на ракометарите од три милиони денари

Фото/ facebook.com/rfmofficial
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство.
Ракометарите на Мундијалот натпреварите ги одиграа во Вараждин, Хрватска. Успеаја да минат во главната фаза, првенството го завршија со по две победи, нерешени и порази. Во конечниот пласман беа на 15.место.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.
Спорт
Тибот Плајс потпиша за Панатинаикос

Германскиот кошаркар Тибор Плајс потпиша за актуелниот европски првак Панатинаикос.
Плајс (35) потпишал договор со грчкиот клуб до крајот на сезоната, стои во објавата на Панатинаикос на социјалната мрежа „Х“.
Германскиот центар во досегашниот дел од сезоната настапуваше за италијанскиот тим Трапани, додека претходно мина осум последователни сезони во Евролигата, настапувајќи за Галатасарај, Валенсија и Ефес. Со Ефес двапати ја освои титулата во тоа натпреварување.
Во Евролигата играше и за Бамберг, Басконија и Барселона, од која се пресели во НБА лигата. Сезоната 2015/16 ја мина во Јута Џез.
Панатинаикос неодамна го напушти грчкиот центар Костас Адетокумбо, кој се пресели во Мурсија, а од претходно се повредени Омер Јурцевен и Матијас Лесор.
Панатинаикос во Евролигата, го зазема третото место во поредокот со 16 победи и 10 пораи.