Спорт
Федерер со тениска лекција за Медведев, Халеп блиску до првото место
Данил Медведев е еден од најдобрите млади тенисери од кого се очекува во иднина да се бори за гренд-слем титули, но на „Хард рок стадионот“ во Мајами во средата доби вистинска тениска лекција од Роџер Федерер, кој со 6:4/6:2 победа се пласираше во четврт-финалето на Мастерс 1000 турнирот.
Во првиот сет, Русинот пружи делумен отпор, но не можеше да го сруши сервисот на 37-годишниот ветеран, но во вториот сет Швајцарецот доминираше со својата игра и стигна до победа по нешто повеќе од еден час игра, трета победа во третиот меч со Русинот.
Федерер имаше 22 директни победнички топки и само 8 неизнудени грешки за да обезбеди дуел со шестиот носител, Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

Кај дамите, Романката Симона Халеп по вторпат е во полуфиналето на турнирот и останува на добар пат да се врати на првото место на ВТА-листата во понеделникот, откако со 6:4/7:5 ја победи 18. носителка, Кинеската Кијанг Ванг.
Халеп во мечот од час и 37 минути загуби речиси половина од поените на свој сервис и дури пет брејка, но затоа беше многу подобра на сервис на противничката, откако Кинеската имаше 5:1 водство и три сет-топки во вториот сет.
Халеп во полуфиналето ќе ја чека подобрата од чешкиот дуел меѓу тениската надеж Маркета Вондроушова и Каролина Плишкова. Во второто полуфинале ќе играат 12. носителка, Австралијката Ешли Барти и Естонката Анет Контавеит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

