Спорт
Федерер знае дека Надал и Ѓоковиќ ќе освојат повеќе гренд слем титули од него
Роџер Федерер се помирил со тоа дека нема да може да го задржи рекордот од 20 гренд слем титули откако неговите ривали Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ му се доближија во 2019 година.
38-годишниот Федерер не успеа да освои гренд слем титула првпат од 2016, Новак Ѓоковиќ сега има 16, а Рафаел Надал е на 19 гренд слем титули кога двајцата си ги поделија годинешните гренд слем титули.
Швајцарецот очекува барем еден од нив да го престигне, но вели дека е задоволен што може да биде конкурентен и се надева дека в година ќе додаде уште некоја бројка на рекордот.
„Секако, би сакал да ги заддржам сите мои рекорди, но тоа не е реално да се направи. Многумина ме прашуваат за тоа, но секогаш има некој рекорд што треба да се собори. Се надевам дека ќе останам на добар пат за гренд слем титули во 2020, но за мене е добро и да го заддржам ова ниво на оваа возраст. Исто така, сакам да гледам на оваа ера како на ера на тројца големи тенисери што играа фантастично во исто време“, вели Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.