Спорт
Фенер сериозно заинтересиран за Калатес

Според шпанските медиуми, Фенербахче дал понуда за Нико Калатес. Грчкиот плејмејкер се уште е под договор со Барселона, но се шпекулира дека каталонскиот клуб е заинтересиран да го доведе Томаш Саторански во своите редови, па во тој случај може да дојде до разделба со Калатес.
Калатес е во Барселона од 2020 година, но според медиумите, во Барселона не биле задоволни игрите на грчкиот кошаркар, тоа би можело да биде причина за неговото заминување.
Од следната сезона нов тренер на Фенербахче веројатно ќе биде Димитрис Итудис. Калатес и Итудис во минатото соработуваа во Панатинаикос.
Калатес ја освои Евролигата во својот прв мандат во Панатинаикос, а Итудис тогаш му беше помошник на Жељко Обрадовиќ.
По првите три сезони поминати во Панатинаикос, Калатес замина во Локомотив Кубан, од каде што се пресели во НБА каде играше за Мемфис.
Тој се врати во Панатинаикос, каде помина пет години, а во 2020 година дојде во Барселона, со која двапати играше на фајналфорот на Евролигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија прва во финалето на СП во ватерполо, го чека подобриот од мечот Шпанија-Хрватска

Италија е првиот финалист на Светското првенство во ватерполо во Будимпешта, Унгарија, откако во неочекувано тесното полуфинале со 11:10 (4:2, 2:3, 1:1, 4:4) ја совладаа Грција.
Италијанците, претходно во четврт-финалето го направија најголемото изненадување, елиминирајќи ги првите фаворити, домаќините Унгарија, а против Грција имаа одличен старт за да поведат со 4:2 по првата четвртина, за потоа грчките ватерополисти да ја вратат рамнотежата до самиот крај.
Во второто полуфинале, играат Хрватска и фаворизираната Шпанија од 19.30 часот.
Претходно, во борба за пласман од 5. до 8. место, Србија ја доби соседската пресметка со Црна Гора, победувајќи со 10:7 (2:2, 3:2, 3:2, 2:1).
Спорт
Пирло ќе остане без 500.000 евра капар откако вилата што сакал да ја купи била запленета од италијанските власти

Легендата на италијанскиот фудбал, а сега тренер на турскиот Карагумрук, Андреа Пирло најверојатно ќе остане без 500.000 евра кои ги дал како капар за купување на вилата „Версилија“ во Форте деи Марми, откако судот ја запленил вилата која била во сопственост на руски олигарх, тврди „Ла национе“.
По руско-украинската војна, италијанските власти почнаа да запленуваат вили и јахти на руски милијардери кои имаат врска со рускиот претседател Владимир Путин, меѓу нив и неименуваниот руски милијардер кој купил две вили во Форте деи Марми.
43-годишниот Пирло, кој го платил капарот на 30 мај и треба да доплати уште 2.5 милиони евра до 31 август, ќе остане без своите пари и својата скапа вила.
Спорт
Челси ќе врши истрага за „токсичната култура“ во клубот

Челси ангажираше надворешни соработници за да извршат истрага по обвинувањата за „токсична“ работна култура во тимот, по написот кој го објави „Њујорк тајмс“.
Во написот објавен во среата, повеќе сегашни и поранешни вработени во маркетинг одделот на клубот се пожалија на условите за работа и за „токсичноста“ на шефовите, која предизвикала заминувае на најмалку 10 вработени. Ричард Бигнел, поранешниот шеф на „Челси ТВ“ во јануари се самоубил, а истрагата покажала дека бил во депресија откако бил отпуштен.
Новите газди на клубот, Тод Бели и „Клирлејк капитал“, кои го откупија клубот од Роман Абрамович, веднаш наредија истрага.
„Новиот борд на клубот верува во безебедно место за работење, во кое вработените ќе се чувствуваат вклучени, безбедни, вреднувани и доверливи. Направени се првите чекори во оваа насока. Нашето сочувство оди до целото семејство на Ричард. Неговата смрт влијаеше на сите негови колеги и на фудбалската заедница. Клубот именуваше надворешен ревизор кој ќе ги испита обвинувањата кои беа направени под претходното сопствеништво“, се вели во објавата на Челси.