Спорт
Фенер со седум победи во низа блиску до плејофот во Евролигата
Фенербахче продолжува да е клубот во најдобра форма во Евролигата, откако ја забележа седмата победа во низа, овојпат со 82:75 над Макаби Тел Авив во Истанбул.
Јан Весели повторно беше лидер со 18 поени, Нандо де Коло имаше 16, Дајшон Пјер 15, а Марко Гудуриќ 11, за втора победа над израелскиот ривал оваа сезона. По израмнетото прво полувреме во кое Фенер имаше само поен предност (36:35), третата четвртина турскиот клуб ја почна со 8-2 серија за на осум минути до крајот на мечот да има 67:56 водство. Макаби со две тројки на Скоти Вилбекин се врати во игра, но не успеа да направи нешто повеќе. Вилбекин заврши со 15 поени и 10 асистенции.
Фенербахче сега има 12-10 скор, со што е израмнет на осмата позиција на табелата, додека Макаби има 10-12 скор.
ЕВРОЛИГА, 22.КОЛО
Анадолу Ефес – Црвена звезда 86:72 (29:13, 27:22, 19:17, 11:20)
Химки – Баерн Минхен 93:95 (15:26, 29:18, 31:29, 18:22)
Фенербахче – Макаби Тел Авив 82:75 (17:21, 19:14, 24:18, 22:22)
Армани Милано – Олимпијакос 90:79 (24:19, 20:15, 21:28, 25:17)
Барселона – Зенит Санкт Петерсбург 85:81 (16:14, 28:19, 25:17, 16:31)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз преку Де Минор до првото полуфинале на АО во кариерата
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до првото полуфинале на Австралија Опен во кариерата.
Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:1).
Шпанецот дојде до шестата победа во исто толку дуели со Астралијанецот, а на патот до полуфиналето не загуби ниту еден сет.
Интересно е што ова е само прв пат шесткратниот шампион на Гренд слем да стигне до полуфиналето на АО, откако беше елиминиран во четвртфиналето минатата сезона и прексиноќа.
Алкараз само во првиот сет имаше проблем со Де Минор. Откако со брејк дојде до 3:0, му дозволи на противникот да се врати, сервираше за сет во деветтиот гем, но домашните тенсер уште еднаш се врати во мечот. Подоцна цо 12-от гем, Алкараз ја искористи втората сет топка.
Вториот и третиот сет, Шпанецот рутински ги реши.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев, кој исто така во три сета славеше ротив Лернер Тиен.
Fot/ depositphotos
Спорт
Не е среќен во Челзи – Палмер сака да се врати во Манчестер
Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, наводно копнее да се врати во својот роден град и би бил отворен за летен трансфер во Манчестер Јунајтед, клубот за кој наводно навивал како дете.
Во 2023 година, Палмер го напушти Манчестер Сити и се пресели во Лондон, каде што стана клучен играч за Челзи, но се чини дека не е целосно задоволен од животот во главниот град и со задоволство би ја прифатил можноста да се врати на северот од Англија, пишува „Goal.com“.
Откако пристигна од Сити пред две и пол години, Палмер постигна 41 гол и додаде 19 асистенции за „сините“. Поради ова, англискиот репрезентативец стана практично „недопирлив“ во Челзи и само екстремно висока понуда би го натерала лондонскиот клуб да размисли за продажба. Според „Трансфермаркт“, Палмер вреди 120 милиони евра.
Англиските медиуми пишуваат дека 23-годишникот е носталгичен и би ја прифатил шансата да се приклучи на Јунајтед.
Палмер се бори и со проблематична повреда на препоните, што го ограничи на само 12 лигашки настапи оваа сезона. Тој го пропушти и неделниот натпревар во кој Челзи го победи Кристал Палас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Свитолина за 59 минути ја победи Гоф
Украинската тенисерка Елина Свитолина ја декласира Коко Гоф и се пласира во првото полуфинале на Австралија Опен во својата кариера.
Свитолина неочекувано лесно ја победи Гоф со 6:1, 6:2, за само 59 минути игра.
Искусната Украинка леташе по теренот, „пукаше“ винери од сите оружја, додека Гоф одеше од грешка во грешка и во ниту еден момент не изгледаше како трета тенисерка во светот.
Во првиот сет, Американката ги загуби сите четири сервис гејма, а на крајот од мечот имаше неверојатно лоша статистика.
Направи три винери и 26 неизнудени грешки.
Ова беше десетта победа по ред на Свитолина во 2026 година, а од почетокот на сезоната изгуби само еден сет.
Нејзината противничка во полуфиналето исто така има резултат од 10-0, но таа не изгубила ниту еден сет. Тоа е Арина Сабаленка, и тоа ќе биде нивниот седми дуел – Белорусинката моментално води со 5-1. Овој дуел на програмата е во четврток од 9.30 часот по македонско време.
Foto/ depositphotos

