Спорт
Ферари го покажа СФ1000, новата црвена надеж за 2020 (видео, галерија)
Ферари на спектакуларен начин го претстави својот нов болид за 2020, СФ1000 вечерва во прекрасниот театар „Ромоло Вали“ во Реџо Емилија, со големи надежи за враќање на титулата во Маранело по повеќе од една деценија.
Промоцијата беше во прикладност со свечената локација, откако со оркестар се откри СФ1000 од Шарл Леклер и Себастијан Фетел, а името е во чест на 1.000 Ф1 трка која ќе се вози оваа година, и во исто време 1.000 трка во историјата на Ферари.
Енцо Ферари ја основа „Скудерија Ферари“ во 1929 година, тим со кој подготвуваше автомобили за корисниците до 1933 година, кога го преземаа фабричкиот тим на Алфа Ромео. Во 1939 година, Ферари си замина и се натпреваруваше со сопствен бренд, прво под името „Ауто Авио Коструциони“. Првиот болид на Ферари се појави во 1947 со 125 С, а тимот е единствениот кој учествувал во првиот Светски шампионат во Ф1 во 1950 и секоја година потоа. Седумдесет години подоцна, Ферари има најмногу титули кај конструкторите (16) и кај возачите (15), но 2010-тите беа прва деценија без титула.
There she is! The Ferrari SF1000. What do you think?
If you missed the launch live – catch the replay here ? https://t.co/Brydu62bHh #Ferrari #F1 #Formula1 #Motorsport #SF1000 pic.twitter.com/KCeULdYqXr
— Motorsport.com (@Motorsport) February 11, 2020








©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

