Спорт
Ферари има најдобар тандем во 2025 година

Тимот на Ферари го има најдобриот возачки тандем за претстојната сезона.
Ова е очекуваната одлука на фановите кои учествуваа во анкетата. Дури 56 отсто од нив процениле дека Луис Хамилтон, кој од оваа година ќе вози за Ферари и Шарл Леклер ќе бидат најдобриот тандем за претстојната сезона.
Второто место им припадна на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри), додека третото место им припадна на возачите на Ред Бул, кои ќе имаат изменет состав во претстојната сезона, бидејќи Серхио Перез е заменет со Лиам Лосон.
Шампионатот во Формула 1 оваа сезона започнува на 16. март со Големата награда на Австралија.
Титулата ја брани Макс Ферстапен, кој е четирикратен светски шампион во Формула 1, додека Мекларен е актуелен шампион во конструктори.
We asked you which team has the best driver combo on the 2025 grid… introducing the top five, with a clear winner 👀
Will Ferrari's new duo deliver glory back to the Tifosi? ❤️#F1 pic.twitter.com/FQ5er0uJxf
— Formula 1 (@F1) January 6, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса со пресврт до триумф против Реал Сосиедад и прво место во Ла Лига

Барселона со пресврт успеа да стигне до триумф против Реал Сосиедад, славејќи со 2-1 и преземајќи го врвот во Ла Лига со 19 бодови.
Гостите први се радуваа на овој дуел. Алваро Одриозола во 31. минута ја погоди мрежата на Барса и донесе предност за Реал Сосиедад.
Каталонците возвратија пред паузата. Жул Кунде по изведен корнер од левата страна со прецизен удар со глава израмни на 1-1.
Во продолжението, тренерот Ханси Флик го внесе Ламин Јамал, а младиот талент веднаш ја оправда довербата. Во 59. минута одлично му асистираше на Роберт Левандовски, кој ја реализираше шансата и ги постави конечните 2-1.
Со оваа победа, Барселона не само што ги освои трите бода, туку и ја презеде лидерската позиција во шампионатот.
Спорт
Шрудер му одговори на Атаман: За среќа, никогаш нема да ми бидеш тренер

Се чини дека крајот на Евробаскетот не значи и крај на расправиите – барем не меѓу селекторот на Турција, Ергин Атаман, и МВП на турнирот, германскиот плејмејкер Денис Шрудер.
Сè започна кога Атаман изјави дека е „најдобриот тренер во последните десет години“. На тоа реагираше Шрудер, а турскиот стратег возврати со коментар дека Германецот е „проблематична личност“.
„Германија победи во натпревар кој мислеше дека ќе го изгуби, па играчите добија дополнителен елан. Шрудер со ова видео покажа одреден проблем во карактерот. Не е тоа голем проблем, го припишувам на младоста. Но, тренерите во НБА треба да размислат – не е случајно што игра за различен тим секоја година“, изјави Атаман.
МВП-играчот на Евробаскетот не молчеше. Со порака на Инстаграм, Шрудер му возврати директно:
„Среќа што никогаш нема да бидеш мој тренер. Јас не ја започнав оваа расправија – ти ја започна. Ако веќе зборуваш глупости, поткрепи ги со аргументи – а тоа не го направи. Жал ми е, тренеру, звучи како да си повреден. Сепак, само љубов. Јас ќе бидам тоа што сум, а луѓето што ме познаваат – знаат.“
Не е првпат Атаман да влегува во вербални дуели со противници и кошаркари, но овојпат ја предизвика реакцијата на еден од најгласните и најхаризматични играчи во Европа. Спорот меѓу двајцата продолжува да ја бранува јавноста, а навивачите веќе коментираат дали ова ќе има епилог и на теренот.
Спорт
Арсенал со голем пресврт и гол во 96.минута го победи Њукасл

Арсенал приреди вистинска драма на „Сент Џејмс Парк“ и со гол во судиското продолжение успеа да слави против Њукасл со 1-2. Херој на „топчиите“ беше Габриел, кој во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го искачи својот тим на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Ливерпул, со само два бода негатива.
Домашниот тим прв стигна до предност благодарение на Ник Волтемаде, кој погоди во 34. минута. Но, Арсенал не се предаде и постојано притискаше.
Наградата дојде во завршницата. Прво Микел Мерино израмни во 84. минута, а потоа Габриел го комплетираше големиот пресврт со погодок во последните мигови од мечот.