Спорт
Ферари почнаа да разгледуваат „поинакви“ концепти
Ферари почнале да разгледуваат „нови концепти“ за промени на болидот за 2019 година, признава шефот на тимот Матија Биното пред Монако ГП овој викенд.
По катастрофалниот старт на сезоната во кој Мерцедес стигна до пет 1-2 победи во низа, а Ферари се мачеше со комплексниот СФ90 болид, веќе беше најавено дека е можно Скудерија да се реши за радикален редизајн на болидот. Биното вели дека на тестирањето во Барселона се покажало колку голем проблем имаат со температурата на гумите на Пирели.
„Резултатите од минатата недела во Барселона и анализата во Маранело потврдија колку гумите се различни од минатата сезона и колку е потребен поинаков механички и аеродинамички сет-ап. Во Маранело работиме на новите концепти и донесовме подобрувања за трката во Монако“, вели Биното.
Шефот на Ферари исто така му оддаде почит на Ники Лауда, кој две од своите три титули освои со Ферари, откако Австриецот почина оваа недела на 70 години.
„Подготовките за оваа трка во Монако беа нарушени со тагата околу смртта на Ники. Неговиот приод кон спортот ќе ни недостасува на сите. Тој беше лидер на Ферари и на Формула 1 придонесувајќи кон промените кои го направија овој спорт попрофесионален“, додаде Биното.
“We’re already working in Maranello to evaluate new concepts and bring further updates” ?#MonacoGP ?? #F1https://t.co/LFOAATfFyo
— Formula 1 (@F1) May 22, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Феникс Санс го отпуштија Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.
Спорт
Борусија ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се сретнат на 1.јуни на „Вембли“ во финалето на Лигата на шампионите.
Реал во своето 18.финале ќе се обиде да го освои 14. трофеј, додека Борусија трет пат ќе се бори за титулата во ЛШ. „Милионерите“ имаат една титула.
Сепак, ако на дуелот во Лондон се гледа само од финансиска перспектива, на Борусија повеќе и се исплати да загуби!
УЕФА победникот ќе го награди со 20 милиони евра, додека поразениот клуб ќе заработи 15,5 милиони евра.
Доколку загуби Борусија ќе добие дополнителни 25 милиони евра, но не од УЕФА туку од Реал.
Џуд Белингем, минатото лето за сума од 103 милиони евра, од Борусија се пресели во Реал. Во неговиот договор има клаузула според која Реал мора да и исплати на Борусија дополнителни 25 милиони евра доколку Белингем со Реал ја освои Лигата на шампионите во наредните пет години.
Спорт
Баер Леверкузен ги собори сите рекорди на непобедливост
Фудбалерите на Баер Леверкузен, предводени од тренерот Чаби Алонсо, станаа рекордери во светскиот фудбал. „Фармацевтите“ 49 натпревар не знаат за пораз. Тие, синоќа, го урнаа рекордот на Бенфика стар 59 години.
Она што особено инпресионира во оваа нестварна серија се головите што ги постигнуваат играчите на Алонсо по 90.минута. Сезонава одиграле 17 такви натпревари.
Синоќа против Рома, исто како и пред десет дена против Штутгарт, Баер од пораз се спаси со гол во 97.минута.
„Фармацевтите“ ќе имаат можност да ги освојат сите можни трофеи оваа сезона. Тие одамна ја освоија титулата во Бундеслигата, што беше нивна прва во клупската историја, а до крајот на овој месец ги очекуваат финалните натпревари во Купот на Германија и Лига Европа.
Избраниците на Чаби Алонсо последен пат загубија на 27 мај минатата година во последното коло од Бундеслигата против Бохум со 3:0.
Bayer everkusen 90th minute goals this season:
90′ vs Ottensen
90′ vs Bremen
90+1′ vs Leipzig
90+1′ vs Stuttgart
90+1′ vs Hoffenheim
90+1′ vs West Ham
90+2′ vs Sandhausen
90+2′ vs Qarabag
90+3′ vs Qarabag
90+4′ vs Bayern
90+4′ vs Qarabag
90+4′ vs Augsburg
90+5′ vs Bayern
90+7’… pic.twitter.com/Oxh2BymdRI— StatMuse FC (@statmusefc) May 9, 2024