Спорт
Фердинанд му се восхитува на Ливерпул: Трчаат како ротвајлери на теренот
Ливерпул го победи Реал Мадрид со 2:0 во најатрактивниот натпревар од петтото коло во Лигата на шампионите. Стрелци за англискиот тим беа Алексис Мек Алистер и Коди Гакпо.
Рио Фердинанд, легендата на Манчестер јунајтед, во стручна анализа за „ТНТ“ по натпреварот изјави дека „црвените“ во овој момент се најдобар тим во Европа.
„Во моментов изгледаат како најдобар тим во Европа. Играат како тим. Не само што бележат добри резултати, туку делуваат дека се гладни за успех. Изгледаат како да не се хранети со години, како ротвајлери кои трчаат низ теренот“, рече Фердинанд.
Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим заслужено загубил:
“Да бидам целосно искрен, резултаот е реален. Ливерпул заслужи да победи. Имаат навистина добра динамика, во одлична форма се и играат со висок интензитет”, заклучи тренерот на Реал Мадрид.
Лајт мотив одо овој натпревар се промашените пенали на Килијан Мбапе и Мохамед Салах.
По пет рунди, Ливерпул има максимален ефект, додека Реал е во тешка позиција со скромни две победи и три порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

