Спорт
Фердинанд: Роналдо, а не Модриќ требаше да ја добие Златната топка во 2018 година
Рио Фердинанд тврди дека на Кристијано Роналдо му била „украдена“ една Златна топка во кариерата и дека тоа било во 2018 година, кога играчот од средниот ред на Реал Мадрид и капитен на хрватската репрезентација Лука Модриќ беше прогласен за најдобар во светот. Според него, тогаш била направена неправда и на Португалецот му било одземено големото признание.
Прославениот поранешен англиски фудбалер одговараше на прашање за Златната топка и споредбите меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Запрашан кој има повеќе златни топки, Фердинанд рече: „Меси. Седум на пет. На Роналдо му беше украдена кога Модриќ ја освои наградата“.
Пред да ја освои Златната топка и да ја прекине десетгодишната доминација на Меси и Роландо, кои наизменично се менуваа како нејзини освојувачи, Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, УЕФА го прогласи за најдобар фудбалер во Европа, а ФИФА за најдобар во светот.
Во 2018 година со Реал ја освои Лигата на шампионите. Тоа беше негов четврти ваков трофеј. Со Хрватска стана светски вицешампион.
Модриќ во 2018 година доби 753 поени при гласањето за Златната топка. Кристијано Роналдо, кој беше негов соиграч во Реал таа сезона и постигна 44 гола и осум асистенции на 44 натпревари, заврши на второто гласање со 478 поени.
Трет беше Антоан Гризма со 414 гласови. Интересно, Францускиот ас статистички беше најдобар во 2018 година. Беше најдобар играч и стрелец на Атлетико Мадрид и Франција. Со Франција стана светски првак, со Атлетико ги освои Лига Европа (прогласен за најдобра играч во ова натпреварување) и Суперкупот на УЕФА, a во шпанското првенство „јорганџиите“ беа втори на табелата пред Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

