Спорт
Фернандеш не е сигурен дали ќе остане на „Олд Трафорд“
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека по завршувањето на Европското првенство ќе одлучи дали следната сезона ќе игра за клубот од „Олд Трафорд“.
Фернандеш рекол дека приоритети во моментов му се финалето на ФА Купот и Европското првенство.
„Не зависи се од мене. Ако треба да размислувам за заминување од Премиер лигата, тоа ќе биде дури по Европското првенство. Можеме успешно да ја завршиме сезоната со освојување на ФА Купот. Потоа го имам Европското првенство, што е многу важно. Ништо не може да ме спречи и да ми го одвлече вниманието од финалето на ФА Купот и од Европското првенство, бидејќи во моментов нема ништо поважно од тоа“, изјави Фернандеш за португалски „ДАЗН“.
Фернандеш пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020 година од Спортинг за 80 милиони евра. Тој има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до јуни 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона.
„Не размислувам премногу за иднината. Оваа сезона досега не беше на нивото на кое се надевав. Сакам да бидам конкурентен. Сакам да се натпреварувам и да победувам”, додаде португалскиот фудбалер.
Манчестер Јунајтед ќе игра против Манчестер Сити во финалето на ФА Купот на 25 мај на Вембли.
ЕП ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал по дисконтна цена ќе го врати Нико Паз во Мадрид
Реал Мадрид, во летниот преоден рок, ќе го ангажира играчот на Комо, Аргентинецот Нико Паз.
Според шпанскиот „Ас“, Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, бидејќи „кралскиот клуб“ поседува 50 проценти од договорот на аргентинскиот офанзивен играч за врска.
На лето, Реал Мадрид ќе му плати на Комо девет милиони евра и ќе го задржи 21-годишниот играч за врска, иако според „Трансфермаркт“, тој сега вреди дури 65 милиони евра.
Комо не може да го спречи трансферот, бидејќи според договорот на двата клуба, Реал има клаузула според која може да го врати Паз за сума од 9 до 11 милиони оваа година или до 2027 година.
Аргентинецот одигра 15 натпревари во Серија А оваа сезона и има пет гола и пет асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Фото) Искинат дрес на Марадона продаден за рекордни 180.000 долари
Дресот на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, беше продаден на аукција за околу 180.000 американски долари.
Станува збор за дресот на Барселона, кој Диего Марадона го носеше во финалето на Кралскиот куп во 1984 година против Атлетик Билбао, објави „Мундо Депортиво“.
Дресот на Марадона бил скина во текот на тепачката на теренот. а Барселона го загуби финалето со 0:1.
Се напоменува дека една работничка вработена во клупската перална го зела дресот во соблекувалната и го чувала како сувенир.
Подоцна ѝ го дала на пријателка, која му го дала на својот син. Дресот останал во тоа семејство цели четири децении, по што сопственикот решил да го продаде на аукција. Се продаде за повеќе пари од кој било друг дрес на Марадона некогаш продаден на аукција.
💸 Diego Maradona's ripped Barcelona shirt from the 1984 Copa del Rey final was sold on auction for $179,207.67. pic.twitter.com/eoxqXeBaWN
— Barça Universal (@BarcaUniversal) December 24, 2025
Диего Армандо Марадона е еден од најголемите фудбалери во историјата на фудбалот. Тој пристигна во Барселона во 1982 година од Бока Јуниорс и остана на „Камп Ноу“ две години. Подоцна играше за Наполи, Севилја, Њуелс Олд Бојс, пред да се врати во Бока Јуниорс во 1995 година, каде што ја заврши кариерата две години подоцна.
Марадона почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Скандал во Бразил: Срби добиле откази поради местење натпревари
Голем кошаркарски скандал го тресе Бразил. Два натпревари од националното првенство се под истрага за наместување, а вмешани се и српски кошаркари, тренери и финансиерот на Рио Клара, Светозар Поповиќ.
Бразилските медиуми објавуваат дека ФИБА започнала истрага поради сомнителни резултати на натпреварите на клубот Рио Клара. ФИБА е информирана дека во спорните натпревари се вклучени големи суми пари инвестирани во обложувалници.
Спорни се натпреварите Рио Кларо против Ботафого, кои Ботафого ги доби со 74:61, а биле поставени огромни облози на „минус“ (ограничување 160 поени).
Рио Клара го загуби вториот натпревар од Сао Хозе со 95:64, а евидентиран е голем број исплати за поразот на Рио Клара на повеќе од 15 поени.
Администрацијата на националната лига потврди дека штом го добила извештајот, ја известила полицијата на Сао Паоло, Министерствата за правда, финансии и спорт и Кошаркарската асоцијација.
Први цехот за овој скандал го платија српски државјани.
Прво, 38-годишниот Светозар Поповиќ, кој во тоа време беше финансиер на Рио Клара. Му била укината визата за престој.
На неговот барање во клубот пристигнале плејмејкерот Марко Рикал со државјанство на БиХ, потоа бекот Немања Симовиќ, а пред два месеци Слободан Николиќ станал тренер. Сите веднаш биле отпуштени.
Foto/ depositphotos

