Спорт
Фернандо Торес најави дека ги закачува копачките на клинец (видео)
Шпанскиот фудбалски ас, Фернандо Торес, денеска на својот твитер-профил објави дека ја завршува фудбалската кариера, а детали најави за недела кога на прес-конференција во Токио официјално ќе се прости од активното играње фудбал.
„Имам нешто многу важно да најавам. По 18 возбудливи години, дојде време да ја завршам кариерата. В недела во 10 часот по јапонско време ќе одржам прес-конференција на која ќе ги објаснам сите детали. Се гледаме“, напиша Торес.
Торес е дете на Атлетико Мадрид, а како сениор за „јорганџиите“ настапуваше во два наврата, од 2001 до 2006 и од 2015 до 2018 година.

Освен во Атлетико, Торес длабока трага остави во Ливерпул, каде што беше омилен напаѓач без оглед на тоа што со „црвените“ не освои ниту еден трофеј.
Потоа се пресели во Челси за 58 милиони евра и таму доживеа сериозен пад во формата. На 110 настапи постигна само 20 гола.
Следуваше кратка епизода во Милан по што се врати во Атлетико. Со клубот од детството ја освои Лига Европа, а играше и во финалето на Лигата на шампионите.
Иако Шпанецот се закити со трофејот во ЛШ и во ЛЕ и како играч на Челси, сепак најголемите успеси во кариерата му беа со шпанската фудбалска репрезентација. Со „фуријата“ двапати беше европски и еднаш светски шампион.
I have something very important to announce. After 18 exciting years, the time has come to put an end to my football career. Next Sunday, the 23rd at 10:00AM, local time in Japan, I will have a press conference in Tokyo to explain all the details.See you there. pic.twitter.com/WrKnvRTUIu
— Fernando Torres (@Torres) June 21, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

