Спорт
Ферстапен добил неверојатна понуда да го напушти Ред Бул

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, добил неверојатна понуда кариерата да ја продолжи во Астон Мартин. Доколку ја прифати ќе стане најплатениот возач во историјата на Формула 1.
Италијанската „Газета дело Спорт“ откри дека Астон Мартин на Холанѓанецот му понудил неверојатни 264 милиони евра за тригодишен договор.
Понудата ги опфаќа сезоните 2026, 2027 и 2028 година, а Астон Мартин очигледно нема намера да штеди пари кога е во прашање доведувањето на актуелниот шампион.
Според овој извор, зад оваа астрономска понуда стои државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија — Фонд за јавни инвестиции (PIF).
Овој фонд веќе поседува 20% од компанијата „Астон Мартин лагонда“, а преку нафтениот гигант „Арамко“ е и главен спонзор на тимот.
Договорот на Ферстапен со Ред Бул е до крајот на 2028 година, но одредени клаузули овозможуваат тој да биде и пред време раскинат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сензационалниот победник во Шангај „скокна“ 164 места на АТП листата

Сензационалниот победник на Мастерсот во Шангај, Валентин Вашеро, забележа огромен скок на АТП листата, на која првото место и понатаму го држи Карлос Алкараз.
Вашеро играше квалификации во Шангај, на крајот си замина со трофејот во рацете и 1.000 поени.
Тенисерот од Монако, турнирот го започна како 204-ти во светот, а по завршувањето на Мастерсот се наоѓа на 40-то место.
Шпанецот Карлос Алкараз ја држи првата позиција со 11.340 поени, Италијанецот Јаник Синер е сè уште втор играч во светот со 10.000 поени, додека Александар Зверев е трет, а Тејлор Фриц е четврти. Петтата позиција ја задржа Новак Ѓоковиќ.
Шестиот тенисер на планетата е Бен Шелтон, по него следуваат Алекс Де Минор, Лоренцо Мусети, Џек Дрејпер и Карен Хачанов.
Спорт
(Видео) Бисума се врати по повредата, па по 15 секунди повторно се повреди

Ив Бисума, репрезентативец на Мали, се повреди на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во кој неговата репрезентација го победи Мадагаскар со 4:1.
Бисума против Мадагаскар го одигра првиот натпревар од почетокот на сезоната, бидејќи долго отсуствуваше поради повреда на коленото. Во првиот натпревар во сезоната Бисума на теренот мина 15-20 секунди.
При резултатот од 3:0 за Мали, Бисума веднаш стигна до топката и токму кога се спремаше да поведе контранапад, следеше стартот на противникот, по што Бисума мораше да биде изнесен од теренот.
Засега нема проценки колку ќе паузира.
Бисума има договор со Тотенхем до крајот на сезоната, како што сега стојат работите тој ќе го напушти клубот.
Bissouma was stretchered off for Mali just seconds into his first appearance of the season, and was visibly distressed.
Get well soon, Biss 🤍❤️🩹 pic.twitter.com/oydQtSnB5C
— Spurs Insider (@SpursInsider183) October 12, 2025
Спорт
Само победа е опција – Македонија вечерва против Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во седмото коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство ќе го пречека Казахстан. Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе започне во 20.45 часот.
Само победа и опција во дуелот со Казахстан за избраниците на Благоја Милевски. Победа ќе го доближат националниот тим до Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Јасно е дека по оваа рунда, многу работи ќе бидат јасни во Ј групата. Во истиот термин во Кардиф, Велс ќе ја пречека Белгија.
„Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет. Сега има и нов селектор и нова филозофија, но ние сме подготвени“, изјави селекторот Милевски пред вечерашниот дуел.
Првиот натпревар одигран на 9.јуни, заврши с минимална победа на Македонија. Единствениот гол во Астана го постигна Александар Трајковски.
табела, Ј група:
Foto/ ffm.mk