Спорт
Ферстапен дополнително казнет за инцидентот во Џеда
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, доби дополнителна казна, која сепак не го загрози неговиот пласман на трката за Големата награда на Саусиска Арабија. Ферстапен казната ја доби поради инцидентот во 37. круг и контактот со Луис Хамилтон.
Бизарна ситуација му претходеше на инцидентот. Ред Бул му наложи на Ферстапен да му ја препушти првата позиција на Хамилтон. Ферстапен ја намали брзината, при што дојде до контакт помеѓу болидите, при што возилото на Мерцедес претрпе оштетување на предното крило.
„Во кривната 21 Ферстапен доби порака да му ја врати позицијата на Хамилтон, тимот му порача тоа да го направи тактички. Возилото 33 ја намали брзината во кривината 26. Јасно беше дека ниту еден од возачите не сака да ја преземе првата позиција пред ДРС-линијата. Возачот на болидот 33 рече дека не му е јасно зошто возачот на возилото 44 не ја презема водечката позиција, а возачот на болидот 44 рече дека не бил свесен дека возачот на болидот 33 му ја враќа позицијата и дека не му било јасно зошто тој ја намалил брзината. Одлуката е да се казни возачот на болидот 33 бидејќи одеднаш закочи. Го прифаќаме ставот дека возачот на болидот 44 можеше да го помине возилото 33, разбираме и зошто не сакаше да биде на првата позиција на ДРС-линијата. Сепак, одлуката да се казни возачот на болидот 33 бидејќи ја намали брзината. Ова е стандардна казна за ваков прекршок“, се наведува во образложението на казната.
Покрај оваа казна, ФИА на Верстепн го казни со два бода. Во изминатите 12 месеци Ферстапен е казнет со вкупно седум бода.
Во последната трка од сезоната Ферстапен и Хамилтон ќе влезат со ист број бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

