Спорт
Ферстапен му го расипа тестот од соништата на Шуми Јуниор
Макс Ферстапен во Ред бул имаше најдобро време на првиот ден од тестирањето во Бахреин со половина секунда предност пред дебитантот на Ферари, Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1-шампион, Михаел.
Првите три часа од тестирањето се одвиваа на суво, но во попладнето реткиот дожд во Бахреин им ги наруши плановите на тимовите, кои немаа гуми за дожд, ниту средни гуми. За среќа, условите во доцното попладне се поправија.
Шуми Јуниор, кој оваа сезона дебитира во Ф2, успеа да комплетира 33 круга утрото за попладнето да додаде 21 круг и да скокне од осмото на второто место. Неговото време од 1:29.976 беше побавно од тоа на Ферстапен (1:29.379).
Трето најдобро време имаше Лендо Норис во Мекларен пред Роман Грожан (Хас), Александер Албон (Торо росо), Луис Хамилтон (Мерцедес), Даниел Рикардо (Рено), Ленс Строл (Рејсинг поинт), Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) во топ-10.
Second quickest on his first day in a @ScuderiaFerrari
? @SchumacherMick #F1Testing #F1 pic.twitter.com/fOTd6RIpq2
— Formula 1 (@F1) April 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чави доби покана од Италија?!
Фудбалскиот клуб Јувентус го контактираше Чави Ернандез и оствари информативен разговор за потенцијалната соработка.
Оваа вест ја лансираше францускиот весник Екип, кој тврди дека Чави е кандидат да го замени Тијаго Мота на клупата на Јувентус.
Не може да се каже дека Мота ги исполнил очекувањата, иако токму минатиот викенд го доживеа првиот пораз во Серија А, поголем проблем е огромниот број на нерешени резултати и само петтото место на табелата, со 16 бода помалку од лидерот Наполи.
Чави е без работа откако летово ја напушти Барселона и најави дека ќе паузира до следната работа, па не е исклучено да ги започнал преговорите со Јувентус.
Тој ја освои титулата со Барса во сезоната 2022/23, но се раздели со Каталонците по лошата минатата сезона без ниту еден трофеј.
Чави во еден момент беше поврзуван со Милан и Манчестер Јунајтед, но немаше сериозни преговори.
Дали е тој вистинското решение за замена на Тијаго Мота? Останува да се види.
Спорт
Порто има нов тренер
Аргентинецот Мартин Анселми ја презеде функцијата тренер на португалскиот фудбалски гигант Порто. 39-годишниот, кој на клупата го замени Витор Бруно, потпиша договор со Порто до крајот на сезоната 2026/27.
Порто е на третото место во португалскиот шампионат со 41 бод, исто колку и второпласираната Бенфика, додека Спортинг води со 47 бодови.
На „змејовите“ им оди полошо во Лига Европа, на табелата се на 25. место од 36 екипи во пресрет на последното коло.
Витор Бруно мораше да се збогува пред една недела поради слабите резултати откако го презеде Порто од 1. јули минатата година.
Него сега ќе го наследи Анселми, кој претходно го водеше мексиканскиот Круз Азул.
Португалските медиуми пишуваат дека прв пат во историјата на португалското првенство, три најголеми клубови во земјата, во иста сезона им врачиле откази на тренерите. Претходно тренерите ги отпуштија Бенфика и Спортинг.
Спорт
Аморим: За два месеца во Јунајтед, остарев 10 години
Манчестер јунајтед синоќа во 23. коло од Премиер лигата го совлада Фулам на гости со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез во 78. минута. По неговиот удар топката удри во ногата на Саша Лукиќ кој се обиде да блокира, доби дополнително забрзување е заврши во голот.
Триумфот над Фулам е најдобриот подарок за менаџерот Рубен Аморим, кој вчера наполни 40 години.
„Немам 40, имам 50 години. За два месеци работа во Манчестер јунајтед, осатарев 10 години, но мило ми е што сум тука и што можам да го прославам роденденот со овие луѓе“, изјави Аморим.
Манчестер јунајтед во последните четири дена оствари два важни триумфа, прво над Ренџерс во Лига Европа, а сега и против Фулам во Премиер лигата. Во првенството, Јунајтед се на 12. место со 29 бода.