Спорт
Ферстапен на пол-позицијата за спринт трката во Остин
Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за спринт траката во Остин, Тексас. Актуелниот првак за 12 илјадити делови од секундата беше побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Овие двајца единствени во кавлификациите возе под една минута и 33 секунди.
Времето кое го постави Холанѓанецот изнесуваше 1:32.833 минути. Ферстпен ја прекина лошата серија, не заврши прв во квалификациите на последните осум трки.
Вториот ред за утрешната спринт трка го формираа Шарл Леклер (Ферари) и најголемиот конкурент на Ферстапен Ландо Норис (Мекларен).
Следуваат Карлос Саинц јуниор (Ферари), Нико Хулкенберг (Хас), Луис Хамилтон (Мерцедес), кој направи голема грешка во својот единсвен летечки круг во третата квалификациска сесија, Кевин Магнусен (Хас), Јуки Цунода (РБ) и Франко Колапинто (Вилијамс).
Разочраа Серхио Перез од Ред Бул и Оскар Пјастри од Мекларен. Мексиканецот испадна во втората, а Австралиецот во првата квалификациска сесија. Перез ќе стартува од 11., а Пјастри од 16.место.
Спринт трката се вози од 20 часот по македонско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Горецка пред трансфер во Премиер лигата
Репрезентативецот на Германија, играч на Баерн, Леон Горецка (30), би можел да му се приклучи на Тотенхем во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.
Оваа сезона, Горецка не беше во почетниот состав на ниту еден од шесте натпревари од Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата тренерот Винсент Компани често го заменува по еден час игра.
Тренерот на Спарс, Томас Франк, верува дека германскиот играч за врска би бил одлично решение за проблемите во средниот ред, а медиумите тврдат дека Горецка е отворен и за нови предизвици.
Поволна околност кога станува збор за потенцијален трансфер во англиски клуб е фактот што договорот на Горецки со Баерн истекува на крајот од оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Фелипе Луис го продолжи договорот со Фламенго
Фелипе Луис ќе остане тренер на Фламенго до 2027 година, објави во понеделникот бразилскиот клуб.
Човекот кој освои пет трофеи во првата година од својата професионална тренерска кариера, потпиша нов договор и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговиот понатамошен ангажман.
Фиелипе Луис, некогаш ѕвезда на Атлетико Мадрид и бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на кариерата, започна да работи како тренер. Прво во тимовите до 17 и до 20 години на Фламенго, а првиот тим го презеде во септември 2024 година.
Со клубот од Рио де Жанеиро, во тековната година го освои националното првенство на Бразил, Купот, Суперкупот, првенството Кариока и Копа Либертадорес.
„Тој не оди никаде“, пишува во официјалното соопштение на Фламенго во врска со потпишувањето на новиот договор.
Спорт
Роналдо откри кога ќе се пензионира
Најдобриот стрелец на португалската репрезентација, 40-годишниот Кристијано Роналдо, изјави дека ќе престане да игра кога ќе ја постигне својата цел, односно ќе собере илјада гола во кариерата.
Роналдо постигна два гола за својот Ал-Наср во победата од 3-0 против Ал Акдуд во фудбалското првенство на Саудиска Арабија во саботата. Тој дојде до бројката од 956 гола во кариерата досега, а му недостасуваат 44 гола за да ја постигне својата цел.
„Не е лесно, но сум многу мотивиран и полн со страст. Не е важно каде играм, во Европа или на Блискиот Исток. Секогаш уживам во фудбалот и сакам да играм повеќе. Знаете кои се моите цели: да освојувам трофеи и да стигнам до илјада гола. Ако ме одминат повредите, дефинитивно ќе ја достигнам бројката од илјада гола“, рече Роналдо, кој го носи дресот на Ал-Наср од јануари 2023 година, а ова лето го продолжи договорот до јуни 2027 година.
Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид со 450 гола. Со 143 гола, тој е рекордер и во португалската репрезентација. Исто така, тој е единствениот фудбалер кој ја поминал границата од 100 гола во дресот на четири клуба (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал-Наср).
Foto/ depositphotos

