Спорт
Ферстапен победи на драматичната трка во Австралија која изобилуваше со инциденти
Светскиот шампион Макс Ферстапен ја оствари својата втора победа од почетокот на сезоната во Формула 1 во 2023 година, откако триумфираше на историското Гран-при на Австралија. Денешната трка на „Алберт Парк“ е прва во историјата на Формула 1 која била прекината вкупно трипати со црвени знамиња поради различни инциденти.
Ред Бул ја отвори сезоната доминантно и победи на првите три трки. Ферстапен во Бахреин и сега Австралија, и Перес во Џедa на последната трка.
Бројни инциденти ја одбележаа трката кој заврши со само десет возачи, имаше дури три прекини и „милион“ инциденти.
Макс Ферстапен заслужено победи пред Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, додека оваа контроверзна трка ќе остане запаметена по немилите настани, а на возачите треба да им се честита за одличните перформанси.
🚩 RED FLAG 🚩
MULTIPLE CARS ARE OUT!!! #AusGP #F1 pic.twitter.com/zycwEEjlWs
— Formula 1 (@F1) April 2, 2023
Добра вест за Мекларен е што ќе освојат бодови и со двајцата возачи.
Карлос Саинз доби лоши вести непосредно пред последниот летечки старт на трката бидејќи доби казна од пет секунди за инцидент со Алонсо, откако беше одлучено дека наредбата по стартот нема да се брои и се ќе се врати од поредокот кога трката беше прекината за последен пат.
Тоа значи дека наместо четврта позиција, ќе заврши на 11. место и ќе остане без бодови, а еден бод ќе добие Јуки Цунода од Алфа Таури.
Крајот на трката го одбележа вистинска драма. Кевин Магнусен ја загуби задната десна гума во 55. од 58 кругови, и трката беше прекината. Сите беа вратени назад во боксот, со што беше анулирана предноста што претходно ја стекнаа возачите. Следуваше драматичен исход.
Трката продолжи, а потоа следеше целосно лудило. По повторениот старт настана тотален хаос. Саинц и Алонсо се sudrija, па Алонсо од третото место кое го држеше дотогаш падна на 11. место. Гасли и Окон ја завршија трката откако се судрија еден со друг.
Следеше уште едно црвено знаме и нов прекин на трката, а беше нареден и рестарт, но според редоследот кој беше претходнo, па Алонсо се врати на третото место.
Како Tоп 10 по рестартот стартуваа Fерстапен, Хамилтон, Алонсо, Саинц, Строл, Перез, Норис, Хулкенберг, Пјастри и Цунода. Стартот беше направен зад безбедносното возило, а најлошо помина Саинc бидејќи доби казна од пет секунди за претходен судир со Алонсо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шоу на Ел Каби против Астон Вила, Фиорентина во 91.минута го скрши Бриж
Во првите полуфинални натпревари на Конференциската лига, Олимпијакос победи со 4:2 против Астон Вила во Бирмингем, додека Фиорентина го совлада Клуб Бриж со 3:2. Реваншите се за седум дена во Грција и Белгија.
Олимпијакос одигра сензационално против Астон Вила, среде Бирмингем имаше двојно помал посед на топката, помалку шанси и помалку удари кон голот на противникот, но успеа да постигне четири гола.
Вистински херој е напаѓачот Ел Каби кој постигна хет-трик.
Ел Каби погоди во 16. минута, па во 29. минута, но впечатокот грчкиот тим го распиа во финишот на првиот дел, во 46.минута кога Воткинс го намали резултатот.
Тој гол донесе офанзива на Вила на почетокот на вториот дел, која ја материјализираше Дијаби.
Вториот гол на Вила не ги поремени играчите на Олимпијакос, набргу Ел Јаби од пенал во 56. минута погоди за 3:2, а Хезе иа ја врти предноста од два гола на црвено-белите од Пиреа.
Вила имаше шанса да го намали резултатот, но во 84. минута Даглас Луиз од пенал ја погоди стативата.
Фиорентина двапати имаше предност против Бриж. Сотил беше стрелец во петтата минута од играта, а израмни Ванакен од пенал во 17. минута. Белоти повторно и го врати водството на Фиорентина во 37. минута. Во продолжение Бриж остана со играч помалку во 61.минута, кога за само три минути Оњедика доби два жолти каротн.
Две минути по црвениот картон на Оњедика, Игор Тиаго го изедначи резултатот.
На крајот, сепак, Фиорентина сепак успеа да забележи победа. Голот за 3:2 го постигна Нзола во 91.минута.
Спорт
(Видео) ЛЕ: Баер зачекори во финалето, Аталанта избори реми во Марасеј
Баер Леверкузен победи на „Олимпико“, со што направи џиновски чекор кон пласманот во финалето на Лига Европа. На добар пат да му се придружи е и Аталанта која одигра нерешено со Олимпик во Марсеј.
Четата на Чаби Алонсо нема намера да запре, од почетокот на сезоната се уште нема пораз. Вечерва новиот шампион на Германија ја победи Рома во Рим со 2:0, во првиот полуфинален натпревар во Лига Европа.
„Фармацевтите“ водеа со 1:0 по првиот дел со голот на Вирц цо 28.минута, а победата ја потврди Андрих со спектакуларен гол во 73.минута.
На „Велодром“ во Марсеј сите дилеми околу конечниот резултат беа решени во првите 20 минути. Скамка и донесе предност на Аталанта во 11.минута, девет минути подоцна изедначи Мбемба.
Реванш натпревари на програмата се наредниот четврток.
Спорт
(Видео) Челси ги згасна сништата на Тотенхем за пласман во ЛШ
Челзи го победи Тотенхем со 2:0 во одложениот натпревар од 26. коло на англиската Премиер лига. Со овој пораз Тотенхем речиси остана без шанси да дојде до четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем има седум бода помалку од Астон Вила на три кола до крајот на сезоната.
Челзи беше многу подобар тим во градското дерби, постигна голови на време и не им дозволи на Спарс да создаваат сериозни прилики. Во 24. минута Тревор Чалоба погоди со глава кога одлично реагираше на центаршутот на Конор Галагер.
До тој гол „сините“ имаа две шанси, а Тотенхем. Прво шанса пропушти Мудрик, а потоа Ромеро за Тотенхем.
Во вториот дел долго се чекаше на вистинска шанса. Во 72.минута Кол Палмер ја погоди пречката од слободен удар, а на топката налета Николас Џексон и го постигна вториот гол.