Контакт

Спорт

Ферстапен победи во Шпанија пред Норис и Хамилтон

Објавено пред

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на Шпанското ГП. Второто место го зазеде Ландо Норис за Мекларен, додека трет заврши асот на Мерцедес Луис Хамилтон.

dobivaj vesti na viber

Стартот на Големата награда на Шпанија беше највозбудиот дел од трката. Трката со брилијантен потег ја отвори возачот на Мерцедес Џорџ Расел – стартуваше од четвртото место, но веќе во првиот свиок се проби на челната позиција.

Сепак, водството на Расел беше краткотрајно, бидејќи Ферстапен го стигна и го престигна на почетокот на третиот круг.

Од тој момент, актуелниот шампион го диктираше темпото и беше во водство, освен кога менуваше гуми.

Норис, влезе во борба со пилотите на Мерцедес, стигна до втрото место, но не успеа да му се доближи на Ферстапен.

Зад најдобрите тројца се пласираа Џорџ Расел од Мерцедес, двоецот на Ферари Шарл Леклер и Карлос Саинц, Оскар Пјастри (Мекларен), Серхио Перез (Ред Бул), а во Топ 10 беа и полотите на Алпин Пјер Гасли и Естебан Окон.

Спорт

Обамејанг го напушти Олимпик Марсеј

Објавено пред

Габонскиот фудбалер Пјер-Емерик Обамејанг објави дека го напушта Марсеј, по сезоната во која беше најдобар стрелец на клубот со 30 гола во сите натпреварувања.

dobivaj vesti na viber

„Време е да започнам ново поглавје“, напиша напаѓачот во пораката на Инстаграм, заблагодарувајќи му се на сопственикот и претседателот на Марсеј што го прифатија неговото барање да го напушти клубот.

Обамејанг не откри, но медиумите објавија дека тој ќе се пресели во Ал Кадсија од Саудиска Арабија. Овој клуб од оваа сезона ќе игра во Суперлигата на Саудиска Арабија. Минатата недела, договоро потпиша Начо од Реал Мадрид.

Искусниот напаѓач пристигна во Марсеј во летото 2023 година како слободен играч од Челзи и постигна 30 гола и додаде 11 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

По освојувањето на ЕП, претседателот на Шпанската федерација доби двегодишна суспензија

Објавено пред

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Педро Роча е суспендиран на две години од Националниот спортски административен суд (ТАД).

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на ТАД ја потврди пресудата, но рече дека таа сè уште не е обврзувачка и може да биде оспорена по жалба. Шпанските медиуми објавија дека Роча планира да го направи. Наводно, Роча е казнет со околу 33.000 евра поради други неправилности.

Веста доаѓа три дена откако шпанските фудбалери ја освоија титулата европски првак во Берлин, победувајќи ја Англија со 2:1 во финалето.

Извештаите наведуваат дека ТАД наметна санкција поврзана со разрешување на функционери на РФЕФ. Судот смета дека Роча немал право на таа мерка како шеф на привремената комисија на РФЕФ, по оставката на претходниот претседател Луис Рубиалес.

Поранешниот претседател си замина откако ја бакна фудбалерката Џени Ермозо без нејзина согласност на церемонијата на трофејот по освојувањето на титулата на Светското првенство.

Нему и на тројцата сообвинети ќе им се суди во февруари 2025 година за аферата, а Рубиалес е под истрага и за корупција и перење пари за време на неговиот мандат како претседател на РФЕФ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алкантара во стручниот штаб на Ханси Флик

Објавено пред

Првиот ден откако објави дека се пензионира, Тиаго Алкантара доби повик од новиот тренер на Барселона Ханси Флик.

dobivaj vesti na viber

Добил понуда „што не се одбива“.Тиаго Алкантара и официјално му стана помошник на Ханси Флик во Барселона.

Тиаго Алкантара ќе ги помине следните недели со Ханси Флик за да го стекне потребното искуство.

Барселона објави дека Алкантара ќе биде дел од тимот и на американската турнеја.

Алкантара ја започна кариерата во школата на Барселона, Ла Масија, а со Флик остварил одличен контакт во текот на една сезона што ја поминале заедно во Баерн Минхен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија3 часа

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија3 часа

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија4 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија7 часа

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија8 часа

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија9 часа

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет10 часа

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет10 часа

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија10 часа

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...

Култура10 часа

„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овој пат наградата...

Македонија1 ден

Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого...

Македонија1 ден

Повторно активен пожарот над Битола

Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје: „Кратко тресење и гласен краток звук“

Во 14.07 часот беше почувствуван земјотрес во Скопје, извести ЕМСЦ. #Earthquake (#земјотрес) possibly felt 40 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt...

Македонија1 ден

Таравари за тримесечното бебе со модринки: Нема докази дека е намерно повредено, но има дисциплински мерки

Министерот за здравство, Арбен Таравари, не ги добил во писмена форма одлуките на комисијата што треба да го расветли случајот...

Македонија1 ден

Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен, рече Мемеди

Немало апсолутно никаква намера кај медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска...

Македонија1 ден

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за другите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за...

Скопје1 ден

„Главниот град се задушува во смет, дали Скопје има градоначалник“, прашуваат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради...

Македонија1 ден

Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај „Мавровка“ поради неисправност

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево...

Македонија1 ден

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ пронајден застрелан покрај автомобилот, до него имало пиштол

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон...