Спорт
Ферстапен со победа во Џеда по епската битка со Леклер, Перез едноставно немаше среќа
Втората трка од Ф1 сезоната во петокот и саботата ни донесе многу драма надвор од патеката Џеда во Саудиска Арабија со нападот во близината на патеката и желбата на дел од возачите трката да не се оддржи, но во недела бевме почестени со фантастично шоу кое ни го приредија светскиот шампион Макс Ферстапен во Ред бул и асот на Ферари, Шарл Леклер.
На крајот, Ферстапен со фантастично претекнување на три круга пред крајот, успеа да го победи ривалот со кого се познаваат од картинг-деновите најавувајќи борба на двајцата оваа сезона. Третото место отиде кај Карлос Саинс Јуниор во второто Ферари, додека четврт беше освојувачот на пол-позицијата Серхио Перез, кој едноставно немаше среќа со случувањата на патеката.
Џорџ Расел беше „најдобар од отстанатите“ со петто место за Мерцедес, пред Естебан Окон во Алпине, Лендо Норис во препородениот Мекларен, Пјер Гасли во Алфа Таури, повратникот Кевин Магнусен во Хас, додека седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон успеа да освои само еден поен на десеттото место.
El adelantamiento de Verstappen a a Leclerc para ponerse en primera posición pic.twitter.com/IKVIAaEw9s
— F1 + (@F1plus__) March 27, 2022
Перез успеа да го заддржи водството по стартот на трката, останувајќи пред Леклер, додека Ферстапен, кој стартуваше како четврт успеа да го помине Саинс. Меѓутоа, овој распоред, кој изгледаше „стабилен“ беше нарушен кога Никола Латифи излета со својот Вилијамс, предизвикувајќи излегување на безбедносното возило. Перез веќе имаше влезено во боксот, а Леклер, Ферстапен и Саинс го искористија моментот и влегоа во боксот, оставајќи го Мексиканецот на четвртото место.
Ферстапен не се откажа од „потерата“ по Леклер, и по неколку неуспешни обиди за претекнување, на три круга пред крајот, конечно најде место пред својот стар ривал за да изддржи до крајот за победа по катастрофалниот старт на сезоната во Бахреин каде што не ја заврши трката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Германија ја детронизира Франција, Хрвастка на „мускули“ ја победи Унгарија
Ракометарите од Хрватска и Германија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Првите избегнаа катастрофа против Унгарците со пресврт (27:25), вторите ја изненадија Франција во феноменален натпревар (38:34).
Хрватска – Унгарија 27:25 (13:15)
И покрај фактот дека беа во водство до последните 15 минути, избраниците на Чема Родригез потклекнаа во последната четвртина од натпреварот, што немаше никакво значење за нив.
Хрватска се мачеше против борбените Унгарци, успеа да го постигне толку посакуваниот пресврт и да го потврди пласманот меѓу четирите најдобри ракометни нации на Стариот континент, со серијата 7:1 во средината на второто полувреме, со која од минус четири се дојде до предност од два гола.
Најефикасни во победничкиот тим беа Лука Ловре Кларица, Давид Мандиќ, Марио Шоштариќ и Тин Лучин со по четири гола. Унгарците ги предводеа Бенце Имре (7) и Зоран Илиќ (5).
Германија – Франција 38:34 (19:15)
Во натпреварот што го одлучи тимот што обезбеди пласман во полуфиналето од првата група зад Данска, „панцерите“ направија изненадување и ги надиграа бранителите на трофејот во извонреден натпревар.
Во исто време, Франција остана без директен пласман на Светското првенство, што значи дека ќе мора да игра во квалификациите.
Предводени од Јури Кнор, Германците имаа водство од пет гола до почетокот на втората половина од играта, но противникот се разбуди во продолжението и им приреди на публиката во Хернинг трилер завршница.
Момците на Гисласон ги збија редовите и успеаја да го одбијат налетот на Французите.
Инспирираниот Кнор ја предводеше Германија со 10 гола, додека Дика Мем постигна гол повеќе на спротивната страна.
Доколку Данците ја победат Норвешка како што се очекува, ќе се натпреваруваат против Исланд во борбата за финалето. Ова значи дека втората двојка ќе биде Хрватска – Германија, додека Шведска и Португалија ќе играат во плејофот за петтото место.
Спорт
Пакета си ја исполни желбата, се враќа во Фламенго
Лукас Пакета го напушта Вест Хем и се враќа дома во Фламенго.
Како што беше најавено во текот на претходните недели, Пакета успеа да го натера Вест Хем да преговара и да добе обесштетување, од актуелниот шампион на Јуѓна Америка од 42.000.000 евра.
Ова е рекорден трансфер за бразилскиот клуб, а претходното најскапо засилување беше Самуел Лино, кој минатото лето, пристигна од Атлетико Мадрид за 22.000.000 евра.
Лукас Пакета сакаше да се врати во својот матичен клуб, во својот роден град, од кој замина како тинејџер во големиот Милан, како еден од најталентираните Бразилци, за дури 38.500.000 евра. Милан беше преголем залак, тој го напушти „Сан Сиро“ по само 18 месеци и замина во Лион за 23.000.000 евра.
Тој експлодираше во Лион, што беше причина Вест Хем да го купи по две години, во летото 2022 година, за 42.900.000 евра.
Пакета така се враќа во својот Рио по точно седум години, а навивачите подготвуваат спектакуларен пречек за најскапото засилување во историјата на клубот.
Треба да се напомене дека Пакета е во својот најдобар период, бидејќи има 28 години и ќе биде лидер на тимот на Фелипе Луис во борбата за сите трофеи.
Одигра 139 натпревари за Вест Хем, постигна 23 гола и додаде 15 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Исланд се пласира во полуфиналето на ЕП
Ракометарите од Исланд обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство со победа во директен дуел против Словенија со 39:31.
Познато е дека Словенците дојдоа на ова првенство ослабени, без цела една постава, но сепак успеаја да стигнат до последното коло во битката за полуфиналето.
Таму, сепак ќе игра, селекцијата на Исланд, која собра седум бода и сега зависи само од дуелот меѓу Хрватска и Унгарија дали ќе го освои првото или второто место во Групата 2.
Доколку Хрватска победи, ќе биде прва, а доколку одигра нерешено или загуби, Исланд ќе биде прв, а Хрватите би зависеле од дуелот меѓу Швајцарија и Шведска (20:30 часот).
На оваа средба, Словенија беше видливо исцрпена и само во првото полувреме го издржа темпото што го наметна противникот.
На 10 минути пред крајот, Исланд имаше максимални +8 и веќе беше јасно дека Словенија се збогува од борбата за медал.
Видарсон го предводеше Исланд со осум гола, додека Рикардсон и Магнусон постигнаа по седум.
Во словенечкиот тим, Новак беше најефикасен, со девет постигнати гола.
Во истиот временски интервал, но во натпревар од Група 1, Португалија ја победи Шпанија со 35:27.
Португалците моментално се на третото место во оваа група со пет бода, а Шпанците дефинитивно ќе бидат последни со само два.

