Спорт
Фетел: Ферари имаа бесмислена стратегија во Силверстоун
Себастијан Фетел прво преку радио им порача на водачите на Ферари дека згрешиле со тактиката, а по трката на која заврши на 12. место вели дека стратегијата едноставно била „бесмислена“.
Фетел падна на последното место по првата кривина на трката, но потоа имаше малку прогрес, пред поради тактиката да заглави со болиди пред него, а неговиот колега Шарл Леклер со само едно влегување во боксот едвај го грабна четвртото место.
„Зборувавме утрото дека нема смисла да се влегува во боксот двапати бидејќи ќе заглавиш зад болиди, како што се случи во трката. Исто така одевме со ’тврда’ варијанта на гуми и тоа исто така немаше смисла. Зошто би ставиле ’тврди’ гуми за 10 круга и потоа ’средни’ за уште 20 круга? На крајот гумите беа отидени. Искрено, брзината беше иста за двете трки во Силверстоун и немаше подобрување. Чувството во болидот беше малку подобро, но перформансите беа исти. Брзината исто така“, вели Фетел.
Vettel: "It didn't make any sense. Why would you put the hard for 10 laps and then put the medium for 20 laps? I was running out of tyres towards the end, so we spoke about exactly that."
Do you feel your car is different to Charles car?
"I don't know."#Vettel #Seb5 pic.twitter.com/bdhE9InHZx
— Sebastian Vettel Italia (@sebforever587) August 9, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

