Спорт
Фетел: Инцидентот од Бразил треба да биде архивиран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/SI202105020134_hires_jpeg_24bit_rgb_101d7b8599c0cc599ee16e9637ccc19e.jpg)
Поранешниот светски првак, Себастијан Фетел, смета дека инцидентот што се случи помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен во Бразил, треба да биде архивиран.
Мерцедес побараа повторно да се истражи инцидентот што се случи во 48 круг, кога двајцата возачи завршија надвор од патеката. Одлуката ФИА ќе ја соопшти во текот на денот.
„Не ми се јасни луѓето од Мерцедес. Жалбата е непотребна. Тоа беше борба помеѓу двајца возачи. Во еден момент двајцата завршија надвор од патеката, се вратија, Хамилтон победи и тука треба да биде ставена точка“, рекол Фетел.
„Не сум вмешан во инцидентот, немам никаков интерес. Без потреба се прават дополнителни тензии. Луис беше брилијантен. Победи. Не знам зошто повторно ја отвораме таа тема“.
Првенството на Ф! продолжува викендов во Катар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Искуството на седумкратниот светски шампион
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/hamilton.jpg)
На седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, му било потребно „долго време да заздрави“ од влијанието на контроверзниот крај на сезоната 2021 година.
Хамилтон имал голем број предизвици со менталното здравје во текот на 30-месечната серија без победа пред неговиот триумф во Силверстоун.
Тој победи на Големата награда на Британија во Силверстоун, што е негова прва победа од претпоследната трка во 2021 година во Саудиска Арабија. Тој го опиша триумфот како најемотивниот во неговата Формула 1 кариера.
Откако ја мина целната линија, Хамилтон се расплака додека ја прекина својата серија од 56 трки без победа, најдолга во неговата кариера. Претходно, најдолгата серија без победа беше 10 трки.
Тој ја загуби титулата во битката со Макс Ферстапен на последната трка од сезоната 2021 година во Абу Даби, откако тогашниот директор на трката Мајкл Маси погрешно ги применил правилата за безбедносното возило, дозволувајќи му на возачот на Ред Бул да го помине Хамилтон во последната рунда и ја освои прва титула, и го спречи Британецот да освои рекордна осма.
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) по истрагата објави дека се работи за „човечка грешка“.
Во изјавата пренесена за „Скај“, Хамилтон изјави:
„Кога се вратив во 2022 година, мислев дека сум го надминал тоа. Знам дека беше тешко и ми требаше долго време да го излечам тоа чувство. И тоа е природно за секој што го има тоа искуство. Продолжив да се обидувам да работам на себе и од ден на ден сега наоѓам внатрешен мир“, изјави 39-годишниот Хамилтон.
Од 2022 година Мерцедес имаше многу проблеми со болидот и не беше конкурентен на Ред Бул. Така продолжи и оваа сезона, но возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи на претходната трка во Австрија, а Хамилтон победи во Велика Британија.
Седумкратниот светски шампион е рекордер со 104 победи во Формула 1.
Спорт
Дали знаете кој е најбрзиот фудбалер на ЕП 2024?
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mbape-1.jpg)
Официјалниот профил на УЕФА ја објави листата на најбрзите играчи на овогодинешното Европско првенство во Германија.
Фудбалерите од сите селекции се подложени на комплетни статистички анализи, а малкумина се издвојуваат на врвот на секоја листа – по добро или лошо.
УЕФА ја анализираше брзината на сите играчи на ЕП 2024 и ги создаде првите 10.
Првото место, многумина ќе кажат очекувано, го држи Французинот Килијан Мбапе со брзина од 36,5 км/ч.
По него е Шпанецот Феран Торес, кој трча половина километар на час побавно од Мбапе.
Бенјамин Шешко изненадувачки се најде на самиот врв. Словенецот за време на еврото постигна брзина од 35,9 км/ч.
Спорт
Италијанскиот тенисер го оствари својот детски сон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/lorents.jpg)
Лоренцо Мусети го постигна својот најдобар резултат на Вимблдон со пласманот во четвртфиналето.
Италијанецот го победи Французинот Џовани Петши Перикар со 4:6, 6:3, 6:3, 6:2 и со тоа стана вториот Италијанец меѓу осумте најдобри во Лондон.
По мечот Италијанецот не ги криеше емоциите.
“Секогаш ми е тешко да покажам емоции. Но денеска успеав. За овој момент сонував уште од дете. Отсекогаш имав семејство кое ме поддржуваше во остварувањето на моите соништа”, изјави Мусети.
“Тешко ми е да зборувам, извинете. Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Симоне Тартарини. Без него вакво нешто не би било возможно. Благодарам на моето семејство, мојата партнерка Вероника. Сите се тука”, додаде Мусети.
Тој во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Александар Зверев