Спорт
Фетел со доминантен прв ден во Барселона, Вилијамс не се појави

Себастијан Фетел го заврши првиот ден од зимското тестирање во Формула 1 на патеката Каталуња покрај Барселона со најдобро време за Ферари, а уште повеќе импресионира со тоа што комплетира 169 круга, убедливо најмногу од конкуренцијата.
Фетел беше најбрз и на утринската сесија со време од 1:18.161, тој додаде уште една дистанца на трка во текот на попладневната сесија и иако не го подобри времето, знаците се секако позитивни за Ферари.
Карлос Саинс Јуниор беше втор за Мекларен и покрај тоа што предизвика црвено знаме во текот на попладнето со 1:18.558 со 119 круга. На третото место беше уште еден болид со мотори на Ферари, Роман Грожан со Хас (1:19.159), пред Макс Ферстапен во Ред бул (1:19.426) со 128 круга.
Кими Раиконен имаше нестабилен старт во кариерата како возач на Алфа Ромео бидејќи се излизга во текот на утринската сесија и уште еднаш во финишот на денот. Валтери Ботас беше само осми за Мерцедес, а во текот на попладнето зад воланот седна Луис Хамилтон. Ботас имаше 69 круга и време од 1:20.143, а Хамилтон со 81 круг беше за 0,008 секунди побавен од него.
Двата возача на Рено имаа најслабо време во разочарувачки старт на Даниел Рикардо (11. место), а вистинска катастрофа имаше славниот тим на Вилијамс – тие воопшто не се појавија на патеката и, најверојатно, нема да се појават ниту во вторник бидејќи нивниот болид ФВ42 уште не е финализиран.
БАРСЕЛОНА, 1. ДЕН
1. Себастијан Фетел (Ферари) 1:18.161, 169 круга
2. Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) 1:18.558, 119 круга
3. Роман Грожан (Хас) 1:19.159, 65 круга
4. Макс Ферстапен (Ред бул) 1:19.426, 128 круга
5. Кими Раиконен (Алфа Ромео) 1:19.462, 114 круга
6. Данил Квјат (Торо росо) 1:19.635, 77 круга
7. Серхио Перез (Рејсинг поинт) 1:19.944, 30 круга
8. Валтери Ботас (Мерцедес) 1:20.127, 69 круга
9. Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:20.135, 81 круг
10. Нико Хилкенберг (Рено) 1:20.980, 65 круга
11. Даниел Рикардо (Рено) 1:20.983, 44 круга
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.
Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.
Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.
Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.
Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.
Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.
Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм за работува и до 15.000 долар
Спорт
(Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025
Спорт
Македонија назадуваше на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места.
Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Албанија, Република Ирска, Буркина Фасо, Хондурас…
На новата ранг листата на ФИФА има промени во Топ 10. Германија е десетта, а Хрватска испадна од најдобрите 10 во светот.
На врвот е Шпанија, Аргентина ја скокна Франција на второто место, а а Холандија е шеста, пред Бразил.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија