Спорт
Фетел со песна се збогуваше со Ферари, но призна дека се надева дека бргу ќе ја заборави 2020

Последната трка на Себастијан Фетел за Ферари наликуваше на целата последна сезона со италијанскиот тим – разочарувачка и фрустрирачка. Од следната сезона, четирикратниот шампион, кој призна дека престојот во Скудерија на крајот бил „неуспех“ поради недостатокот на титула, ќе биде во преименуваниот Астон Мартин тим (сегашни Рејсинг поинт), додека неговото место ќе го преземе Карлос Саинс Јуниор од Мекларен.
„Оваа сезона секако беше многу лоша поради многу причини, и среќен сум што можам бргу да ја ставам во минатото“, изјави Фетел по последната трка, иако по крајот ја испеа навивачката песна на Ферари на италијански јазик.
Во Абу Даби, тимот реши да не влегува во боксот за време на виртуелното безбедносно возило, и тој остана во топ 10 заедно со колегата Шарл Леклер некое време, но на крајот мораа да се задоволат со 13. и 14. место.
„Денот беше посебен и ќе се сеќавам на него, но не и на трката. На моментите со механичарите со кои поминав шест години од мојот живот. Тие ќе ми недостасуваат, вакви трки не“, признава Фетел.
Che regalo da parte di #Seb5 🥰 🎶#GrazieSeb, we’re crying 😭#essereFerrari 🔴 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/GQWngh1BBb
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) December 13, 2020
Yarışın ardından hem duygusal hem de keyifli görünen Vettel, ekibe bira dağıtırken kameralara yakalandı 😅pic.twitter.com/K5lFnTXAkr
— Motorsport Türkiye 🇹🇷 #AbuDhabiGP 🇦🇪 (@Motorsport_TR) December 13, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лева го реши баварското „дерби“, Лајпциг го следи чекорот

Роберт Левандовски го постигна својот 22. гол во 17 кола во германската Бундеслига за Баерн Минхен да стигне до 1:0 победа на гостувањето кај 50 километри оддалечениот баварски ривал Аугзбург и да го заддржи првото место и предноста од четири поени пред РБ Лајпциг, кои исто така минимално со 1:0 ги победија Унион Берлин.
Полјакот доби совршена шанса да го постигне својот неверојатен 22. гол во 13. минута кога Баерн доби пенал, и тој не згреши од белата точка. Домаќините, пак, имаа шанса да вратат со иста мерка во 77. минута кога беше досуден пенал по играта со рака на Бенжамин Павар, но Алфред Финбогасен ја погоди само стативата.
РБ Лајпциг славеше со 1:0 против Унион благодарение на голот на Емил Форсберг во 70-тата минута за да останат втори со 35 поени, четири помалку од Баерн. Арминија Билефелд, пак, излезе од зоната за испаѓање по 3:0 победата над Штутгарт, додека Фрајбург и Ајнтрахт одиграа 2:2.
БУНДЕСЛИГА, 17.КОЛО
Аугзбург – Баерн Минхен 0:1
Арминија Билефелд – Штутгарт 3:0
Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт 2:2
РБ Лајпциг – Унион Берлин 1:0
Спорт
Норвежаните во драма подобри од Португалија, реми меѓу Шведска и Белорусија

Норвешка во драматичен меч, успеа да ги совлада Португалците со 29:28 (16:14) за да си ги зголеми шансите за четврт-финале, откако во текот на целиот меч имаа предност, но противникот до крајот го остави мечот неизвесен.
Норвежаните имаа и +4 во второто полувреме (22:18), но на крајот се играше гол-за-гол, и скандинавците победија благодарение на шесте гола на Сандер Сагосен, и петте на Рендал и Раинкинд.
Во меч од нашата група, Белорусија пропушти голема предност од првото полувреме за да одигра 26:26 со Шведска. Ова беше прво реми за Шведска и второ за Белорусија на Мундијалот. Хампус Ване уфрли седум голови, Алфред Јонсон имаше шест, додека кај Белорусија Никита Милипау и Андреј Јуриниок имаа по шест гола.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 3
Швајцарија – Исланд 20:18 (10:9)
Франција – Алжир 29:26 (16:14)
Португалија – Норвешка 28:29 (14:16)
Табела: 1.Франција 6, 2.Норвешка 4, 3.Португалија 4, 4.Исланд 2, 5.Швајцарија 2, 6.Алжир 0
ГРУПА 4
Македонија – Словенија 21:31 (9:13)
Русија – Египет 23:28 (8:15)
Шведска – Белорусија 26:26 (11:15)
Табела: 1.Шведска 5, 2.Словенија 4, 3.Египет 4, 4.Русија 3 5.Белорусија 2+, 6.Македонија 0
Спорт
Ѓоковиќ со писмо ги објасни своите „разумни“ барања

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, со отворено писмо до претседателот на Австралија опен, Крег Тајли, објавено на Твитер се бранеше по критиките кои ги доби за наводната „листа на желби“ кои ги имал за настап на турнирот.
Претходно, Ѓоковиќ достави листа „совети“ до организаторите на првиот гренд слем во 2021, вклучувајќи дозвола за посета на тренерот, или „преселба“ на што е можно повеќе тенисери кај приватни жители на Австралија со тениски терени. Ова доаѓа откако Ѓоковиќ, како и сите тенисери кои ќе учествуваат на турнирот, се во 14-дневен карантин во Аделаида.
Во писмото, Ѓоковиќ вели дека имал добри намери и дека не сакал да испадне „себичен, тежок и неблагодарен“.
„Тоа е многу далеку од вистината. Јас искрено се грижам за моите колеги, а исто така сфаќам како функционира светот и кој станува поголем и зошто. Затоа ја користам мојата привлегирана позиција да помогнам каде што е потребно“, вели Ѓоковиќ.
Премиерот на провинцијата Викторија, Даниел Ендруз вчера го коментираше Ѓоковиќ со една реченица: „Одговорот е НЕ!“.
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 20, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот