Спорт
Фетел: Во Формула 1 луѓето се многу кратковиди
Пилотот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел (32), го имаше најдоброто време во првата слободна тренинг-сесија пред трката за Големата награда на Германија, која викендов ќе се вози на „Хокенхајм“.
Зад него останаа Шарл Леклер од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес. Температурата на патеката на почетокот на сесијата изнесуваше 40, а на крајот се искачи до 48 степени.

Претходно, Фетел се покажа како свој најголем критичар пред Гранд при трката во Германија. Забелешките кон Фетел од почетокот на сезонава значително се зголемија, особено со оглед на тоа што четирикратниот освојувач на Формула 1 сезонава нема победа.
„Ако земам погрешно решение и направам грешка, не можам да бидам среќен со тоа. Тензијата под која сам се поставувам е далеку поголема од сите други надворешни фактори. Работите отсекогаш биле вакви, откако јас се сеќавам. Мислам дека сите знаеме дека Формула 1 е спорт во кој луѓето се многу кратковиди, но тоа е дел од играта. Очигледно оваа година не се развиваше начинот на кој сакавме ако ги земем предвид претходните две. Сепак, мислам дека има напредок во вистинската насока и со оглед на поголемата слика“, рече Фетел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

