Спорт
ФИА со техничка директива ќе го решава „потскокнувањето“ на болидите

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) најави дека ќе воведе нов техничка директива за сите Формула 1 тимови за да се намали ефектот на „потскокнување“ на болидите, кој се појави оваа сезона и од кој страдаат повеќе тимови, вклучувајќи ги и Мерцедес.
Таканареченото „porpoising“ кај болидите под новите правила имаше значително негативно влијание на возачите во последните трки – седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон едвај излезе од својот болид поради болките во грбот на нерамната патека во Баку минатиот викенд, а на слични проблеми се пожалија и Пјер Гасли и Даниел Рикардо.
ФИА вели дека поаѓа од желбата да се заштити здравјето на возачите по физичкото влијание на потскокнувањето во последните трки.
„Техничката директива е поднесена кај тимовите со мерките кои ФИА ќе ги преземе за да се намине проблемот. Прво ќе има детално прегледување на дизајнот на подовите на болидите, и одредување на дозволено ниво на вертикални осцилации преку одредена математичка формула. Покрај овие краткотрајни мерки, ФИА ќе свика и состанок со тимовите за да се одредат мерките за подобрување на ситуацијата за возачите“, се вели во објавата на ФИА.
FIA takes steps to reduce porpoising in the interests of safetyhttps://t.co/XTs7zC4oKx
— FIA (@fia) June 16, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Њукасл го потврдија трансферот на англискиот голман Поуп

Њукасл го потврдија трансферот на Ник Поуп за 12 милиони фунти од Барнли, давајќи му четиригодишен договор на англискиот голман. Поуп помина шест сезони на „Тур Мур“, но беше јасно дека ќе замине од Барнли по испаѓањето на клубот во Чемпионшип.
„Едвај чекам да почнам, бидејќи поминаа неколку недели пред да се реализира договорот“, вели Поуп, кој има над 100 настапи за Барнли, а исто така има и 8 настапи за англиската репрезентација, каде што честопати му е замена на Џордан Пикфорд.
Поуп е второ засилување за Њукасл во летниот преоден рок откако го донесоа Мат Таргет од Астон вила, но се очекува клубот да потроши голема сума откако лани беа купени од саудиската компанија ПИФ.
Raring to go! 🙌 pic.twitter.com/QXn2029jsE
— Newcastle United FC (@NUFC) June 23, 2022
Спорт
Претседателот на Шахтјор обвинува: Агентите ја користат војната во Украина за профит
Одлуката на ФИФА да дозвои фудбалерите и тренерите да ги суспендираат своите договори со украинските и руските клубови е на штета на украинскиот фудбал, вели генералниот директор на Шахтјор Доњецк, Сергеј Палкин, бидејќи агентите ја користат ситуацијата за сопствен профит.
ФИФА се реши да дозволи странците да си заминат од украинските клубови надвор од преодниот рок по избивањето на војната во февруари, дозволувајќи фудбалерите и тренерите да ги суспендираат договорите од 2023.
„Агентите не уништуваат. Се обидуваат да ни ги украдат фудбалерите. Играат игри, контактираат со клубовите, им велат да не ни плаќаат, и ги прекршуваат договорите. Не можете да замислите што се случува. Агентите одат кај клубовите и велат: ‘Не им плаќајте на Шахтјор, фудбалерите ќе бидат слободни, само дајте му на агентот 10 милиони евра. Ние имаме десетина дена да се договориме со нашите играчи, што е невозможно. Наместо ФИФА да ни помогне, ни ја влоши ситуацијата и ги направи агентите помоќни“, вели Палин во интервју за „Атлетик“.
Спорт
Реал Мадрид ќе ги се збогува со Ауди по 19 години, пристигнува БМВ!

Реал Мадрид, актуелниот европски шампион и германскиот бренд Ауди на 1 јули го завршуваат партнерството кое трае од 2003 година, по што главен снабдувач со автомобили на „кралевите“ ќе стане уште еден германски брен, БМВ, јавува „Марка“.
Ауди планира да го намали своето учество во спонзорирањењ на фудбалот, за да се фокусира само на Баерн Минхен, и по 19 години, веќе нема да ги „чести“ фудбалерите на Реал со своите автомобили. Според „Марка“, БМВ ќе стане нов главен спонзор на 14-кратниот европски шампион, нешто што ќе биде потврдено следниот понеделник.
БМВ е „премиум“ спонзор на италијанскиот шампион Милан од минатата година и според „Марка“, Реал ќе добие повластена улога и спонзорство на нивото на претходното со Ауди.
🚗🔥 ¡Volantazo del Real Madrid!
MARCA 🗞 avanza 🚨 EN EXCLUSIVA que el equipo blanco cambia su patrocinio de Audi… ¡por BMW!https://t.co/8hDZzfsjxQ Informan ✍️ @JIGallardo y ✍️ @jigochoa
— MARCA (@marca) June 23, 2022