Контакт

Спорт

ФИБА ги одреди носителите на ждрепката за СП

Објавено пред

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) во пресрет на извлекувањето на групите за Светското првенство во Кина објави дека носители ќе бидат САД, Шпанија, Франција и домаќинот Кина.

Ждрепката ќе биде извршена в сабота од 11.30 часот по средноевропско време во градот Шенжен.

На Мундобаскетот ќе учествувата 32 репрезентации, кои ќе бидат поделени во осум групи.

Носители (барабан 1): Кина, САД, Франција, Шпанија
Барабан 2: Србија, Аргентина, Литванија, Грција
Барабан 3: Русија, Австралија,м Бразил, Италија
Барабан 4: Порторико, Турција, Доминиканска Република, Венецуела
Барабан 5: Германија, Чешка, Полска, Иран
Барабан 6: Канада, Црна Гора, Филипини, Кореа
Барабан 7: Нигерија, Нов Зеланд,Сенегал, Ангола
Барабан 8: Јапонија, Тунис, Јордан, Брегот на Слонова коска.

Мундобаскетот ќе се одржува од 31 август до 15 септември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лацио ќе преговара за Милинковиќ-Савиќ, но нема да го даде на попуст

Објавено пред

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, признава дека римскиот клуб ќе ги слушне сите понуди за српскиот фудбалер од средниот ред, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но нема да го даде на „попуст“ поради кризата предизвикана од корона вирусот.

Популарниот СМС претходно беше поврзуван со трансфери во Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен, но и во италијанските ривали Интер и Јувентус. Лацио претходно објави дека очекува барем 100 милиони евра за него и Таре не очекува пад на цената за „првокласните“ фудбалери како 25-годишниот Србин.

„Едно е сигурно, сега не мораме да продаваме. Многу работи ќе се сменат на пазарот на фудбалери поради пандемијата која трансформираше многу работи и мораме да бидеме креативни, заддржувајќи ја нашата визија за иднината. Мислам дека за првокласните фудбалери нема да има пад на цените. За тие од средината и од дното ќе има надолен тренд. За Милинковиќ-Савиќ, неговата врска со градот и со Лацио никогаш нема да се уништи. Ако тој сака, тогаш ќе ја процениме одлуката без притисок и за доброто на двете страни.  Ако има можност која го задоволува клубот и фудбалерот, ќе направиме проценка. Ако не, ние сме среќни тој да остане со нас“, вели Таре.

Прикажи повеќе...

Спорт

ФК Ренова заминува во 14-дневна изолација

Објавено пред

По вестите дека четири члена на ФК Ренова се позитивни на коронавирусот, од денеска почнува 14-дневната изолација на сите вработени во клубот, потврдија од тетовскиот клуб на својата фејсбук-страница.

Со оваа одлука и со позитивните случаи во Шкендија станува невозможно да се комплетира сезоната во Првата лига по планот на ФФМ. Првата лига требаше да почне од 14 или од 20 јуни и сега останува да се види реакцијата на ФФМ.

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Прикажи повеќе...

Спорт

Почина легендарниот светски шампион во мотоциклизам, Убијали

Објавено пред

Деветкратниот мотоциклистички шампион, Карло Убијали, кој се натпреваруваше во првиот Светски шампионат во 1949 и потоа доминира во категориите 125сс и 250сс почина на 90 години, објавуваат италијанските медиуми.

Убијали е третиот најуспешен италијански мотоциклист на сите времиња по Џакомо Агостини и Валентино Роси и освои шест титули 125сс и три титули 250сс. Тој победи во 39 од 74 трки, во кои учествуваше, најмногу на италијанскиот тим МВ Агуста, во ерата пред појавувањето на јапонските производители на мотоцикли.

Со прекар Лисица, возачот од Бергамо исто така оствари пет победи на Ајл оф мен ТТ-трката. Тој се пензионира во 1960 година.

„Имав 10 години кога тој победуваше на секоја трка и сонував да бидам како него. Тој беше пример и инспирација за мене“, изјави 15-кратниот светски шампион, 77-годишниот Агостини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија2 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија4 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија4 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија5 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион7 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија8 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион8 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет9 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет10 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт10 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа10 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет11 час

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет22 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет22 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија23 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие