Спорт
ФИФА дегардира 12 светски шампиони
Foto/ EPA
ФИФА почна да ја прекројува сопствената историја. За да се наметне важноста на Светското првенство за клубови со 32 екипи што неодамна се одржа во САД, од Цирих, на предлог на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на 12 клуба им беше одземен статусот на светски шампион освоен во периодот од 2000 до 2023 година.
Наместо светски шампиони, сите беа „наградени“ со победници на Интерконтиненталниот куп.
Само Челзи го задржа статусот на светски шампион благодарение на триумфот од оваа година, но остана без титулата освоена во 2021 година.
ФИФА го започна Светското првенство за клубови во 2000 година во формат со седум екипи. Натпреварувањето го замени поранешниот Интерконтинентален куп, започнат во 1960 година, во кој победниците на Купот на европските шампиони и победникот на Јужноамериканскиот Копа Либертадорес играа за неофицијалната титула светски шампион.
По предлог на тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, Интерконтиненталниот куп беше заменет во 2000 година со турнир на кој учествуваа шампионите на шесте конфедерации, а привилегијата да им се придружи му беше дадена на претставник на земјата домаќин.
„Светското клупско првенство е мојата најголема грешка. ФИФА не треба да организира клупски натпреварувања, нејзина работа се националните тимови“, неодамна призна Блатер во едно интервју.
Инфантино ја наследи грешката, не се обиде да ја поправи туку ја унапреди.
По долга борба и четиригодишно одложување поради пандемијата на Ковид, ФИФА успеа да го организира Светското клупско првенство со 32 екипи. Во исто време, не го укина малиот формат. Натпреварувањето што се нарекуваше Светско клупско првенство беше преименувано во Интерконтинентален куп, но без никаква врска со поранешното натпреварување со истото име.
Првиот нов Интерконтинентален куп се играше оваа година и едвај беше забележан.
Траеше од септември до декември и беше поделен на Куп на Африка-Азија-Пацифик, Дерби на Америка, Куп на Челинџер и финале во кое директно промовираниот Реал Мадрид ја победи мексиканската Пачука (3:0). Мадридскиот тим со тоа го освои натпреварувањето за прв пат во кое претходно трипати победи (1967, 1998, 2002).
ФИФА не објасни дали победниците на помалата верзија на Светското клупско првенство ќе бидат рангирани еднакво на ранг-листата за трофеи со победниците на новиот Интерконтинентален куп, кој веќе е рангиран над поранешното истоимено натпреварување.
Одземени титули Светски клупски првак:

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

