Спорт
ФИФА ги објави 14-те кандидати за најдобар фудбалер на светот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави 14-те кандидати за најдобар фудбалер во 2022 година, откако по раскинот на соработката со „Франс фудбал“ си организира сопствена „The Best“ награда, која последните две години ја доби Роберт Левандовски.
Полскиот напаѓач на Барселона повторно е во игра за титулата, покрај Хулијан Алварез, Џуд Белингем, Карим Бензема, Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд, Ашраф Хакими, Садио Мане, Винисуис Жуниор, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Нејмар и Мохамед Салах.
Наградата, за разлика од „Златната топка“ на „Франс фудбал“ се доделува за календарска година, а за нив ќе гласаат капитените и селекторите на сите светски репрезентации, како и навивачите и дел од медиумите.
Во конкуренција за најдобри тренери на светот се Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Валид Реграгуи, Лионел Скалони и Дидие Дешам.
Here are the nominees for #TheBest FIFA Player! 🏆
Cast your vote for your men’s and women’s player on FIFA+! 🗳️https://t.co/oBHBYLotsZ pic.twitter.com/nfJBfCKlJY
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) January 12, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ВАР го спаси Челзи од пораз против Кристал Палас, „Шумарите“ за полувреме го декласираа Брентфорд

Челси, актуелниот светски клупски првак, не успеа да го победи Кристал Палас во првиот меч во новата сезона. За разлика од Челзи, Нотингем Форест запиша рутинска победа над Брентфорд (3:1).
Кристал Палас, освојувачот на англискиот ФА куп и Суперкуп, на „Стенфорд Бриџ“ дојде да освои бод и нез многу мака успеа во намерата.
Не делуваше добро Челзи на премиерата, се мачеа избраниците на Енцо Мареска особено во организацијата на играта, против цврстата одбрана на Палас.
Гостите постигнаа гол, спектакуларен. Во 14.минута, Еберечи Езе ја скина мрежата од слободен удар, но ВАР се активираше и го поништи голот.
Голот на Палас беше поништен бидејќи нивниот играч (Марк Гуеи) стоеше на помалку од еден метар од живиот ѕид.
„Кога се изведува слободен удар, ако тимот кој напаѓа ги насмести своите играчи во „живиот ѕид“ на одбраната (помалку од 1 метар од ѕидот со најмалку 3 одбранбени играчи) – тоа не е дозволено“, појасни Премиер лигата.
VAR has robbed Eze of a spectacular goal.😭#CHECRY pic.twitter.com/B4Dg2xSzhA
— UTD Trend (@_utdtrend) August 17, 2025
Нотингем Форест за почувреме го декласира Брентфорд, кој во текот на летото остана без тренерот Томас Франк, капитенот Норгард и напаѓачот Мбуемо.
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Крис Вуд, продолжи таму каде што застана минатата сезона. Постигна два гола, во шестата и 45+2.минута, а еден гол постигна засилувањето од Болоња, Ндоје во 42.минута. Тијаго во 78.минута ја спаси честа на Брентфорд.
Foto/ EPA/NEIL HALL
Спорт
Пафос испратиле понуда до Кавани

Шампионот на Кипар, Пафос, ривали на Црвена звезда во плејофот за Лигата на шампионите, испратил понуда до Единсон Кавани.
Според медиумите од Кипар, челниците на Пафос се во сериозни преговори со Единсон Кавани.
Кипарците тврдат дека Пафос испратил конкретна понуда до Уругваецот, кој игра за Бока Јуниорс. Се додава дека 38-годишниот напаѓач наскоро би можел да испрати одговор.
Теоретски, доколку Кавани го потпише договорот до 24 часа пред натпреварот со Звезда во Белград (вторник, 21.00 часот), би можел да биде регистриран и за тој натпревар.
Тој би бил новото звучно засилување за Пафос ова лето, бидејќи 38-годишниот Давид Луис веќе пристигна во клубот.
Луис и Кавани беа соиграчи во ПСЖ од 2014 до 2016 година.
Спорт
Маркез победи во Австрија, Алдегер со брилијантно возење заврши втор

Марк Маркез незапирливо вози кон шампионската титула во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот. Шпанецот на Дукати ја забележа шестата последовна победа во сезоната, 97.во кариерата.
Маркез ја освои Големата награда на Австрија, откако 19 кугови се возеше зад Марко Бецеки на Априлија, кој стартуваше од пол-позиција. На крајот Италијанецот не успеа ниту да се одбрани од Фермин Алдегер, возач на Гресини Дукати. Дебитантот го забележа најдобриот пласман во кариерата во „кралската класа“.
Токуму Алдегер е возач на денот, бидејќи „еташе“ по патеката во последите осум кругови, кога успеа да дојде до второто место, а во еден момент му се закануваше на Маркез.
Зад најдобрите тројца следуваа возачите на фабричкиот и стаелистскиот КТМ, Педро Акоста и Енеа Бастијанини, кои беа пред Џоан Мир (Хонда), Бред Биндер (КТМ) и Пеко Бањаја кој возеше уште една лоша трка.