Спорт
ФИФА ги објави кандидатите за наградата The Best
Светската фудбалска федерација (ФИФА), денес, ги објави скратените листи на фудбалери, голмани и тренери што се номинирани за престижната награда The Best.
Минатата година оваа награда шести пат во кариерата ја доби Лионел Меси. Оваа година главен фаворит е Роберт Левандовски, кој со Баерн ја освои „триплета“.
Покрај Левандовски, во потесниот круг за наградата е и неговиот поранешен соиграч Тијаго Алкантара, потоа тројката од Ливерпул: Садио Мане, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, капитенот на Реал, Серхио Рамос, двоецот од ПСЖ – Нејмар и Килијан Мбапе, најдобриот фудбалер на Манчетер сити, Кевин де Брујне, и двајцата играчи што доминираат во последните 15 години во светскиот фудбал – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
? Nominees: #TheBest FIFA Men’s Player
?? Thiago Alcântara
?? Cristiano Ronaldo
?? Kevin De Bruyne
?? Robert Lewandowski
?? Sadio Mane
?? Kylian Mbappe
?? Lionel Messi
?? Neymar
?? Sergio Ramos
?? Mohamed Salah
?? Virgil van Dijkℹ️?️ https://t.co/fqPa5jbedh pic.twitter.com/nLcUjmdQrd
— FIFA.com (@FIFAcom) November 25, 2020
Во категоријата најдобар тренер ФИФА ги номинира Зинедин Зидан (Реал Мадрид), Марсело Бјелса (Лидс јунајтед), Ханси Флик (Баерн Минхен), Хулен Лопетеги (Севилја) и Јирген Клоп (Ливерпул).
? Nominees: #TheBest FIFA Men’s Coach
?? Marcelo Bielsa
?? Hans-Dieter Flick
?? Jürgen Klopp
?? Julen Lopetegui
?? Zinedine Zidane?️ VOTE NOW ? https://t.co/G9cyA5WguD pic.twitter.com/At0QAsr3Fn
— FIFA.com (@FIFAcom) November 25, 2020
Кога станува збор за голманите, кандидати се: Алисон Бекер (Ливерпул), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Кејлор Навас (ПСЖ), Марк-Андре тер Штеген (Барселона) и Мануел Ноер (Баерн Минхен).
? Nominees: #TheBest FIFA Men’s Goalkeeper
?? Alisson Becker
?? Thibaut Courtois
?? Keylor Navas
?? Manuel Neuer
?? Jan Oblak
?? Marc-André ter Stegen?️ VOTE NOW ? https://t.co/99eL6U54eK pic.twitter.com/CqCyPeMbAO
— FIFA.com (@FIFAcom) November 25, 2020
Навивачите за предлозите на ФИФА ќе може да гласаат до 9 декември. Финалистите во секоја категорија ФИФА ќе ги соопшти на 11 декември.
Наградите на виртуелна церемонија ќе бидат доделени на 17 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната
Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини.
Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.
Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.
Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.
Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.
Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.
Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрение од властите од главниот град на БиХ.
До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.
Foto/ depositphotos
Спорт
Крај на сезоната за Родриго, ќе го пропушти и Светското првенство
Најлошите стравувања за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што ја заврши сезоната и ќе го пропушти Светското првенство.
Степенот на повредата, која ја здоби на натпреварот против Хетафе, беше потврдена со медицински тестови утрово, што е голем удар и за играчот и за неговиот тим, пишува „Марка“.
Само неколку минути по влегувањето во игра, Бразилецот несмасно падна и го повреди коленото. Тој сепак успеа да продолжи и да го одигра натпреварот до крај.
Родриго се врати на теренот против Хетафе по речиси еден месец пауза поради повреда.
Откако беше потврдена сериозна повреда на коленото, Реал Мадрид ќе има само двајца напаѓачи за гостувањето во Виго, Винисиус и Гонзало Гарсија. Мбапе е исто така повреден, додека Мастантуоно е надвор од теренот поради црвениот картон што го доби против Хетафе.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мбапе нема да игра до крајот на март
Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, веројатно ќе биде на пауза до крајот на овој месец, објавија француските медиуми во вторникот.
Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во синоќа, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Ла Лига, но беше во Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот тим на Реал беше со него.
Потврдено е дека има истегнување на левото колено, повреда што Мбапе ја има од почетокот на декември минатата година. Исто така, беше одлучено дека операцијата не е потребна, но дека на Мбапе му треба „одмор и трпение“ во моментов.
Во наредните недели, Мбапе речиси сигурно нема да му помогне на Реал на теренот, кој не игра добро во првенството, каде што ги загуби последните два натпревари.
Реал Мадрид исто така има два исклучително тешки натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Можно е Мбапе да го пропушти пријателските натпревари на нациоалниот тим. Франција ќе игра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија на 26 и 29 март на нивната турнеја во САД.
Со 23 гола, Мбапе е моментално најдобар стрелец во Ла Лига, а исто така е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 гола.
Foto/ depositphotos

