Спорт
ФИФА го смени форматот за интернационалниот бараж

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), соопшти дека извршила промени во форматот на интернационалниот бараж за пласман, на Светското првенство во Катар. Според новиот формат ќе се игра само еден натпревар, на неутрален терен.
Според традицијата учесниците во баражот играа два натпревари, дома и во гости, меѓутоа ФИФА ги смени форматот поради коронавирусот.
Во баражот ќе учествуваат по една репрезентација од Јужна Америка, Азија, Северна Америка и Океанија. По одигрувањето на баражите ќе бидат познати последните две селекции кои ќе се натпреваруваат на Светското првенство.
ФИФА објави дека баражите ќе се играат на 13. и 14.јуни, два месеци подоцна од вообичаениот термин. Ждрепката за баражот ќе биде извршена на 26.ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ го декласира сонародникот Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон

Во српското дерби во третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Миомир Кецмановиќ со 3:0, во сетови 6:3, 6:0, 6:4. Мечот на Централниот терен траеше еден час и 47 минути.
Ѓоковиќ против сонародникот и колегата од националниот тим ја забележа 100. победа на Вилблдон. Низ историјата повеќе победи на најпрестижниот турнир во светото на тенисот имаат само Мартина Навратилова и Роџер Федерер.
Мечот против Кецмановиќ, за Ѓоковиќ имаше доза на неизвесност само во првите седум гема. Побликата уживаше во играта во тие моменти.
Осмиот гем беше пресвртница, тогаш Ѓоковиќ направи брејк, а го најави со спектакуларен поен, го доби во стилот на својот поранешен тренер Борис Бекер.
The point of 2025 Wimbledon championship – Insane stuff from Djokovic and Kecmanovic 🎾😬 pic.twitter.com/zy5jcgMoo0
— Raz (@RazOlsRF) July 5, 2025
Ѓоковиќ веднаш го искористи тоа, направи брејк, поведе со 5:3 и започна голема серија. Не само што го доби првиот сет со 6:3, туку беше немилосрден и во вториот. Не му дозволи ниту еден гем на противникот и го доби вториот сет за само 24 минути.
На почетокот од третиот сет, Кецмановиќ направи прекин на серија од девет гема, но тоа следуваше нова серија од пет гема за Ѓоковиќ. Сепак, до крајот, Кечмановиќ го направи третиот сет малку понеизвесен, израмнувајќи три гема, намалувајќи го резултатот на 5:4. Но, тоа само ја одложи јубилејната 100-та победа на Новак на Вимблдон.
За новото четвртфинале на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се бори против Алекс де Мајнор, кој го победи Дане Холмгрен со 6:4, 7:6(7:5), 6:3 во три сета.
Спорт
(Видео) ПСЖ со двајца играчи помалку го победи Баерн

Foto/ EPA/ERIK S. LESSER
Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2:0 (0:0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.
ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1:0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а во 92.минута исклучен беше и поранешниот играч на Баерн, Лукас Ернандес. Точка на натпреварот стави Услам Дембеле во 96.минута.
ПСЖ во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.