Спорт
ФИФА: И Аргентина, и Уругвај и Парагвај одат директно на СП 2030 година
Аргентина, Уругвај и Парагвај ќе бидат домаќини на три од 104 натпревари на Светското првенство во 2030 година. Домаќини на СП во 2023 година ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко. Покрај овие три репрезентации и Аргентина, Уругвај и Парагвај директно ќе се пласираат на СП.
„Доколку интерконтиненталната формула претставена во среда ги потврди сите технички критериуми до конечното усвојување на крајот на 2024 година, турнирот ќе започне со шест автоматски квалификувани репрезентации од вкупно 48 учесници, што е невиден пропорција“, пишува Франс прес.
ФИФА само објави дека трите официјални кандидати за домаќини на Светското првенство, Мароко, Шпанија и Португалија, ќе имаат директен билет за Светското првенство, но за АФП посочи дека оваа привилегија би можеле да ја имаат и трите јужноамерикански селекции.
„Со зголемувањето на бројот на репрезентации од 32 на 48, почнувајќи од Светското првенство во 2026 година, што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, „три од шесте места“ доделени за јужноамериканската зона се веќе окупирани. Ќе биде додаден уште еден билет преку интерконтиненталниот плеј-оф, објасни портпаролот на ФИФА“.
Аргентина играше на секој финален турнир од 1974 година, додека Уругвај играше на секој од 2010 година. Парагвај, од друга страна, ги пропушти последните три Светски првенства, последен пат се појавија во 2010 година кога стигнаа до четвртфиналето.
Трите земји, кои првично беа кандидати со Чиле за домаќин на турнирот, на крајот се повлекоа во замена за организацијата на првите три натпревари кога ќе се обележи 100. годишнината првиот Мундијал, во Монтевидео во 1930 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

