Спорт
ФИФА ја потврди употребата на новата офсајд технологија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди употребата на полуавтоматска офсајд технологија на претстојното Светско првенство во Катар.
Постапката за користење на новиот систем е претставена во четири точки.
Натпреварите на Светското првенство во Катар ќе ги снимаат 12 специјализирани камери, подготвени да лоцираат по 29 точки на секој фудбалер на теренот 50 пати во секунда.
Сензорите, сместени во центарот на топката, со фреквенција од 500 херци, ќе пренесуваат податоци 500 пати во секунда.
Технологијата ќе им сигнализира потенцијален офсајд на судиите во ВАР собата, во секое време.Тие потоа ќе ја проверат конкретната ситуација на терен и доколку има потреба ќе реагираат.
Ситуацијата, потврдена како офсајд од судиите на теренот и во ВАР собата, ќе се емитува во 3Д анимација на екраните на стадионите и во директните телевизиски преноси.
BREAKING: FIFA have confirmed that new semi-automated offside technology will be used at the 2022 Qatar World Cup. pic.twitter.com/sHcjpTqv4T
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бањаја го искористи падот на Маркез и ја освои пол-позицијата

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП.
Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303.
Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди.
Фабио Куартараро од Јамаха го освои третото место, 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.
Спринт трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денес од 15:00 часот, додека главната трка е утре во 14:00 часот.
Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 344 поени, Алекс Маркез е втор со 261, а Банџаја е трет со 197.
Анкета
Спорт
Реал подготвува засилувања во НБА

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид е во фаза на преговори со НБА играчот Чума Океке.
Американецот веќе имаше неколку понуди од други клубови од Евролигата, откако дозна дека повеќе не е член на тимот на Кливленд Кавалирс.
Океке одигра 203 натпревари во НБА, каде што играше за Орландо , Филаделфија и Кливленд во пет сезони.
Тој имаше просек од 6,3 поени.
Во 2019 година, Океке беше избран како 16-ти пик на драфтот во НБА, а во кариерата бараше и минути преку развојната лига, каде што играше за подружницата на Њујорк Никс.
Досега, Реал ги доведуваше Дејвид Крамер и Тео Маледон , покрај промените на паркетот, Мадрид го смени и тренерот, па од следната сезона, шпанскиот тренер Серхио Скариоло ќе го води кралскиот клуб наместо Кус Матео.
Спорт
Познато е колку ќе заработува Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда

Доаѓањето на Марко Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда претставува вистинска „бомба“ во српскиот фудбал, а сега се појавија и деталите од договорот.
Арнаутовиќ ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион, а австриски „Скај“ ја открива и неговата плата во новиот клуб.
36-годишниот напаѓач ќе заработува 2,5 милиони евра нето по сезона.
Се очекува тој да пристигне во Белград во понеделник и да го потпише договорот.
Во својата кариера играше за Твенте, Вердер Бремен, Стоук, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња, Интер, а негова следна станица ќе биде Црвена Ѕвезда од Белград.
Тој одигра 125 натпревари за австриската репрезентација и постигна 41 гол.