Спорт
ФИФА се откажа од планот – нема 48 репрезентации на СП 2022
Светското првенство во Катар во 2022 година ќе остане со 32 учесници и нема да се прошири на 48, потврдија од Светската фудбалска федерација (ФИФА), откажувајќи се од планот на претседателот Џани Инфантино.
Инфантино како дел од неговите најави за големи промени во најелитното фудбалско натпреварување, веќе осигура СП во 2026 година, кое ќе се оддржи во САД, Канада и Мексико да биде со 48 репрезентации.
„По детална процедура и консултации со сите федерации, беше заклучено дека со сегашните услови, таков предлог не би бил добар за фудбалот“, се вели во соопштението на ФИФА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кикс на Астон Вила во Вулверхемптон
Во 24. коло од Премиер лигата, Вулверхемптон на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2:0. Вулверхемптон забележа значајна победа во борбата за опстанок, додека Вила дополнително се оддалечи од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите.
Волвс го шокираа фаворитот во 12. минута со голот на Белгардо. Резултатот остана 1:0 до полувремето, но се чини дека Вулверхемптон можеше побрзо да постигне втор гол, отколку Вла да изедначи. Фудбалерите на Астон Вила не упатија дар кон противничкиот гол во првите 45 минути.
Унаи Емери го повлече Оли Воткинс на полувремето и го претстави најновото засилување, Дониел Мален. Холанѓанецот погоди во 55. минута, но голот беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.
После тоа Вила немаше многу шанси, Вулвс добро се бранеа, а во 97.минута најдобриот играч на „волците“, Матеус Куња стави точка на натпреварот.
Спорт
(Видео) Милинковиќ-Савиќ одбрани пенал, Торино освои бод во Бергамо
Аталанта го губи здивот во трката со Интер и Наполи во Серија А. Ла Деа по неверојатната серија од 12 победи, на последните пет натпревари победи само еднаш, три пати ремизираше и еднаш загуби.
Вечерва во Бергамо, Торино успеа да остане непоразен против Аталанта (1:1). Голманот на Торино и ја украде победата на Ла Деа, во 74.минута му одбрани пенал на првиот стрелец во лигата, Матео Ретеги.
Кончениот резултат беше поставен во првиот дел во интервал од пет минути. Џимшити погоди за предноста на Аталанта во 35.минута, а пет минути подцна изедначи Марипан.
Спорт
(Видео) Голчиште на Гризман, Атлетико ја победи Мајорка
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Мајорка на домашен терен со 2:0 во 22. коло од шпанската Ла Лига. Лино во 26.минута и Антоан Гризман во 93.минута погодија за победа двата кикса, поразот од Леганес (0:1) и ремито Виљареал (1:1). Тренерот Диего Симеоне 500. пат во кариерата го предводеше Атлетико на натпревар во Примера.
Атлетико до победата дојде со сигурна игра, особено во првото полувреме.
Мајорка најдобриот поединец во своите редови во словачкиот голман Доминик Гриф, а тој факт кажува многу за односот на силите меѓу двата тима денес.
Голманот на Мајорка се истакна во три опасни ситуации, двапати одбрани удари на Александар Сорлот, еднаш на Џулијано Симеоне, но беше немоќен кога Самуел Лино го погоди подалечниот агол.
⚽️ GOAL: Samuel Lino
🇪🇸 Atlético Madrid 1-0 Mallorcapic.twitter.com/G0OSPurptc— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 1, 2025
Гостите немаа шут во рамките на голот се до 90.минута, кога Наваро се обиде но ударот не беше серизна закана. Претходно Дардер се обиде, Облак одбрани, а потоа топката заврши во гредата.
Печат на победата стави Гризман со брилијантен потег. Францускиот ас од 18 метри го лобуваше Гриф.
ANTOINE GRIEZMANN’S GOLAZO 😍😍😍 pic.twitter.com/cSasPlpwJL
— Atletico Universe (@atletiuniverse) February 1, 2025