Спорт
ФИФА го предупреди Бразил: Државата да не се меша во фудбалот

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можни санкции, вклучително и суспензија од меѓународните натпреварувања, поради потенцијално мешање на државата во изборот на новиот претседател на организацијата.
ФИФА е загрижена за претстојните избори за претседател на бразилското фудбалско тело, кој би го заменил Едналдо Родригез на таа позиција, кои се закажани за јануари 2024 година.
Светската фудбалска организација смета дека одлуката за отказот на Едналд е неоснована:
„Тоа исто така ќе значи дека функционерите, тимовите и клубовите на ЦБФ повеќе нема да можат да учествуваат на меѓународни натпревари додека е во сила суспензијата“, се вели во отвореното писмо на ФИФА.
Инаку, на 7 декември судот во Рио де Жанеиро му ја одзеде функцијата претседател на ЦБФ на Родригез. ФИФА оваа одлука ја смета за прекршување на сопствената повелба за немешање и испрати жалба до бразилските фудбалски власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гитенс се сели во Челзи

Џејми Гитенс ќе стане играч на Челзи. Фабрицио Романо објави дека договорот е склучен и дека 20-годишникот ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ и ќе потпише седумгодишен договор.
Челзи на Борусија Дортмунд ќе и плати околу 65 милиони евра откако претходната понуда од 50 милиони евра од „Сините“ беше одбиена пред Светското клупско првенство.
Гитенс е играч на Дортмунд од 2020 година, постигна 17 гола на 107 настапи за „милионерите“.
Младиот англиски репрезентативец сè уште не дебитирал за сениорската репрезентација, но се надева дека ќе обезбеди место во тимот на Томас Тухел за Светското првенство во 2026 година со неговото пристигнување во западен Лондон.
По медицинските прегледи, Гитенс ќе им се придружи на своите нови соиграчи во Челзи по завршувањето на нивната кампања на Светското клупско првенство.
„Сините“ со победата на Бенфика обезбедија пласман во четвртфиналето, каде за противник ќе го имаат Палмеирас.
Спорт
Чалханоглу преферира трансфер во Галатасарај

Еден од најдобрите играчи на Интер, Хакан Чалханоглу побарал да биде ставен на трансфер листата.
„Ве молам, пуштете ме дома“, наводно им рекол на раководството на клубот турскиот репрезентативец, кој никогаш не играл за клуб од својата татковина. Чалханоглу сака да се пресели во Галатасарај.
Играчот од средниот ред ја започнал својата кариера во Карлсруе, потоа играл за ХСВ и Баер, а потоа за Милан и Интер, чиј член е од 2021 година.
„Дојдов во Интер бесплатно пред четири години и секогаш го давав својот максимум. Сакам да продолжам во Галатасарај и ве молам разберете ме. Пуштете ме дома“, им рекол на раководството на клубот.
Тој е под договор до крајот на сезоната 2026/27.
Спорт
Меси: Не уживав кога бев во Париз

Лионел Меси зборуваше за периодот поминат во Пари Сен Жермен пред дуелот на Интер Мајами со актуелниот европски првак, на клупскиот Мундијал во Соединетите Американски Држави.
Меси играше за ПСЖ две сезони, од 2021 до 2023 година.
„Тоа беа годините во кои не уживав, не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше добро време за мене. Не бев среќен ниту еден ден – ниту на тренинзите ниту на натпреварите. Ми беше многу тешко да се прилагодам“, рече Лионел Меси.
Аргетнинецот одигра вкупно 75 натпревари за Пари Сен Жермен во сите натпреварувања, постигна 32 гола и имаше 35 асистенции.
Натпреварот помеѓу Интер Мајами и ПСЖ се игра од 18 часот во Атланта.