Контакт

Спорт

Фиго: Алчните Американци ќе го уништат фудбалот со европска Премиер лига

Објавено пред

Португалската фудбалска легенда, Луиш Фиго, побара од сите во светот на фудбалот да се спротивстават на плановите за формирање европска Премиер лига бидејќи елитното натпреварување за големите европски клубови ќе го уништи фудбалот.Вчера, „Скај њуз“ го објави планот на првите луѓе на Ливерпул и Манчестер јунајтед за формирање паралелно натпреварување на Лигата на шампионите, во кое би учествувале најбогатите европски клубови со поддршка од 6 милијарди долари од американски инвеститори (газдите на Ливерпул и Јунајтед се Американци), а постоела поддршка и од ФИФА.

Фиго, кој во блескавата кариера играше за Барселона, Реал Мадрид и за Интер, а во 2015 имаше неуспешен обид да стане претседател на ФИФА, вели дека се работи за ужасна идеја.

„Тоа што го прочитав јасно покажува дека фудбалот каков што го познаваме ќе биде уништен. Се работи само за алчност и за заддржување на фудбалот за само неколку елитни клубови, а остатокот од клубовите и лигите ќе биде уништен. Фудбалот треба да се обедини и сите треба да се против оваа идеја“, вели Фиго.

Нов план на Ливерпул и Јунајтед: европска Премиер лига за најголемите и најбогатите



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Мурињо им го испра мозокот на играчите на Тотенхем“

Објавено пред

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервид верува дека Жозе Мурињо „им го испра мозокот на играчите на Тотенхем“ и дека тоа е причината поради која „Спарси“ имаат шанси да ја освојат титулата во Премиерлигата.

„Пронајде начин како да игра добро со играчите што ги има на располагање. Многу добро купуваше во преодниот рок, Серхио Регуилон е добро засилување како лев бек, но најдобриот трансфер беше играчот од средниот ред, Пјер-Емили Хојбјерг. Совршено одговара на стилот на Мурињо и ги штити двата стопера. Жозе на целата екипа и го испра мозокот и тие сега веруваат дека со напорна работа можат до титулата. А зошто не би му верувале на Жозе? Освои 20 големи трофеи во кариерата, откако е дојден – победува, па сега сите веруваат дека можат да ја освојата Премиерлигата“ рече Шервуд.

По 9 кола, Тотенхем е лидер со 20 бода од можни 27. Исто толку бодови има и Ливерпул, ама „црвените“ имаат повеќе примени голови.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Објавено пред

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака шестпати во кариерата и во тој сегмент се изедначи со легендарниот Пит Сампрас.

Ѓоковиќ сезонава освои најмногу бодови, 6.855. Зад себе ги остави Доминик Тим со 4.615 и Рафаел Надал со 4.050.
На четвртата позиција по бројот на освоени поени се најде Данил Медведев (4.025). Тој имаше одлична сезона, го освои Мастерсот во Париз, а потоа и завршниот турнир во Лондон.

Петтата позиција е за Александер Зверев (3.455 поени), додека шести е Русинот Андреј Рубљев со 3.425 поени.

Топ 10 листата ја затвораат Стефанос Циципас (2.495), Диего Шварцман (2.200), Милош Раониќ (1.725) и Пабло Карења Буста (1.710).

Прикажи повеќе...

Спорт

Според навивачите – Фетел е подобар возач од Хамилтон!

Објавено пред

Германскиот Ф1 пилот Себастијан Фетел е најдобриот возач во својата генерација, сметаат навивачите кои гласаа на анкетата на сајтот „Formula1News.co.uk.“.

Германецот кој освои 4 титули од 2010 го 2013 година доби 53% од гласовите, дури 22% повеќе од актуелниот седукратен шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон.

На ѕвездата на Мерцедес не му помогна ниту изјавата на Фетел кој неодамна рече дека Луис е најдобриот возач во оваа ера. Фетел на крајот на сезонава го напушта Ферари.

Иако веќе се е решено во сезонава во Ф1 циркусот, во недела следува нова трка, за Големата награда на Бахреин.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Топ1 час

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија2 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија2 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет3 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа4 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет5 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет7 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија8 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија8 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија9 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет9 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија10 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет10 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет24 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет1 ден

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија1 ден

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Досие