Спорт
(Видео) „Финале ќе играат Франција и Германија, Франција ќе биде шампион“
Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер (46) за британски „Телеграф“ прогнозираше како ќе се одвива претстојното Европско првенство во Германија.
Континеталниот шампионат ќе го отврат Германија и Шкотска на 14 јуни.
Според прогнозата на Карагер вака ќе изгледаат осминафиналните двојки: Германија-Данска, Унгарија-Хрватска, Украина-Шпанија, Англија-Австрија, Португалија-Швајцарија, Холандија-Романија, Белгија-Србија, Франција-Турција.
Во четвртфиналето Германија ќе игра против Шпанија, Португалија против Холандија, Белгија со Франција и Англија против Унгарија.
Во полуфиналето ги фаворизираше домаќините Германците за кои верува дека ќе играат во финалето. Другиот финалист, смета Карагер, ќе биде Франција, која во полуфиналето ќе биде подобра од Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА покрена дисциплинска постапка против ФС на Албанија
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена истрага против Фудбалскиот сојуз на Албанија, поради непримерното однесување на нивните навивачи пред, за време и по натпреварот против Италија во петок, на 15 јуни.
Албанците фрлаа предмети на теренот на стадионот, употребија пиротехника, а еден од навивачите во самиот финиш влезе на теренот. Имаше и провокативни пораки кои беа главна причина за поведување на постапката.
Засега не е важно кога ќе биде изречена казната и колку таа ќе биде сериозна.
Во меѓувреме, албанските навивачи не се смируваат и денеска учествуваа во судири со српските навивачи низ улиците на Гелзенкирхен.
Спорт
(Видео) Данска и Словенија одиграа без победник
Словенија и Данска одиграа без победник 1:1 (0:1) во првиот меч од Ц групата на Европското првенство. Ова е прв нерешен резултат на првенството и воедно прв натпревар на кој беа постигнати помалку од три гола.
Натпреварот на стадионот во Штутгарт, според квалитетот, беше најслаб од почетокот на турнирот. Данска доминираше и играше подбро во првиот дел, а Словенците издоминираа во последните 25 минути од натпреварот.
Данците во 17.минута ја одиграа најубавата акција на мечот, Винд му асистираше на Ериксен на кого не му беше тешко да го совлада Облак. Ериксен постигна гол на ЕП точно 1.100 дена откако доживеа срцев удар на последниот континентален турнир.
Словенците во првиот дел се определија да го бранат својот гол, ретки беа нивните напади, а Шпорар имаше шанса да постигне гол.
Клучниот момент на натпреарот се случи во 66.минута кога Облак го одбрани ударот на Хојлунд и спречи водство на Данска 2:0.
Од тој момент Словенците тргнаа во офанзива. Се редеа шансите пред голот на Шмајхел. Два пати не успеа Шпорар, Шешко со страотен удар од 25 метри ја погоди стативата, а во 77.минута изедначи Јанжа со мала помош на Јумланд.
Спорт
(Видео) Срби и Англичани се тепаа во Гелзенкирхен
Навивачите на Србија и Англија физички се пресметаа низ улиците на Гелзенкирхен во пресрет на натпреварот на Европското првенство.
На видеата кои се шират по мрежите се гледа дека навивачите фрлаат предмети од кафулињата.
Германската полиција мораше итно да реагира и релативно брзо ја стави ситуацијата под контрола. Искршени се неколку излози и градини.
И додека еден дел од странските медиуми пишуваат дека се работи за пресметки меѓу англиски и српски навивачи, „Билд“ јавуваат дека биле вмешани и албански навивачи.
Искршени се неколку излози и градини.
Натпреварот ќе започне во 21 часот.
I have arrived to Gelsenkirchen ❤️ pic.twitter.com/6eOQVAw0Ay
— Diego | It’s coming home 🏴 (@DiegoNUFC) June 16, 2024
Liebe Grüße aus Gelsenkirchen#EURo2024 pic.twitter.com/3jQ012qmTQ
— slevin 🥷🏼 (@DieserOnkel) June 16, 2024
Just arrived in centre of Gelsenkirchen and a large group of hooded face-covered locals attacked a load of Serbian fans outside a bar!
Hundreds of England fans including kids eating and drinking yards away, totally uninvolved!
Lively start to the day! pic.twitter.com/7mn0DAzIPS
— Simon Clare (@SiClare) June 16, 2024