Спорт
Фиорентина, конечно, победи, Самп ја торпедираше Бреша (видео)

Фиорентина по шест меча, конечно, стигна до победа во дуел од Серија А, триумфирајќи тешко со 1:0 со последнопласираниот тим на СПАЛ на „Артемио Франки“.
Под водство на новиот тренер Бепе Јакини, Виола беше блиску до победа на гости кај Болоња во минатото коло, но примија гол во судиското продолжение. Овојпат, со новото засилување Патрик Кутроне како замена, Фиорентина успеа да постигне гол во 82. минута, кога Пецелја беше највисок во скокот по еден корнер за домаќините.
И Сампдорија стигна до многу потребна победа, откако иако на стартот на мечот со Бреша примија гол за водство на гостите, на крајот со 5:1 го уништија тимот на Марио Балотели. Торино стигна до 1:0 победа над Болоња со која се искачи на шестото место на табелата.
СЕРИЈА А, 19.КОЛО
Фиорентина – СПАЛ 1:0
Сампдорија – Бреша 5:1
Торино – Болоња 1:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џерард се враќа на местото на успехот

Англискиот стручњак Стивен Џерард е главен кандидат за клупата на шкотски Ренџерс, на која седеше од 2018 до 2021 година, објави „Дејли мејл“.
Како што пишува лондонскиот весник, челниците на Ренџерс сакаат да го вратат 44-годишниот Џерард, кој во својот прв мандат им ја донесе титулата во Шкотска во сезоната 2020/21.
Веднаш по освојувањето на таа титула, Џерард се пресели на клупата на Астон Вила, но не се снајде добро во клубот од Бирмингем. Слично беше и во Ал Етифак од Саудиска Арабија, каде што Џерард работеше од летото 2023 година до јануари оваа година.
Во текстот на „Мејл“ се истакнува дека по заминувањето на привремениот менаџер Бери Фергусон, клубот сака поискусен стручњак, и дека тоа одлучило Давиде Анчелоти, синот на Карло, тренерот на Реал, да се откаже од трката.
На крајот, се заклучува дека Џерард би можел да биде назначен за нов-стар менаџер на клубот до крајот на мај или почетокот на јуни.
Спорт
Клоп се согласил да ја преземе Рома

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, се враќа на тренерската работа, иако најави сосема поинаку.
Според италијанските медиуми, Клоп се согласил на соработка со Рома.
Клоп се пензионираше од тренерската работа по осум години во Ливерпул и ја презеде функцијата шеф на глобалните фудбалски операции на Ред Бул, надгледувајќи го работењето на сите клубови на компанијата низ целиот свет.
Наводно, во договорот постои клаузула во случај на можност да биде селектор на Германија, но италијанската „Ла Стампа“ објави сензационална вест во понеделник навечер.
Тие велат дека германскиот стручњак го договорил да ја преземе Рома.
Клоп ќе ја преземе Рома од легендарниот, кој се врати од пензија оваа сезона за да ја спаси Рома по ужасниот почеток на сезоната. Тој се согласи да го води својот сакан клуб само до крајот на сезоната и ги доведе до петтата позиција и борбата за четвртото место што води во Лигата на шампионите, пред последното коло од Серија А.
„Ла Стампа“ пишува дека Раниери ќе остане во клубот како еден вид советник на Клоп, сè за да му се олесни на германскиот тренер во нова земја и лига.
Ова ќе биде деби на Клоп во Серија А, откако беше многу успешен во Германија и Англија.
Истиот извор наведува дека Клоп му дал согласност на претседателот Ден Фридкин во недела, 18 мај во 22:57 часот, откако „волчицата“ го победи Милан во дербито на Серија А.
Спорт
Ламал ќе ја добие „десетката“ на Меси

Како што се очекуваше, Ламин Јамал ќе биде новиот сопственик на „десетката“ на Барса.
Јамал покажа дека го следи патот на Лео Меси, и исто како Аргентинецот, и тој го зеде дресот со број 19 во својата дебитантска сезона како играч на првиот тим.
Меси го носеше тој број во првите две години како играч во првиот тим, од 2006 до 2008 година, а потоа со заминувањето на Роналдињо, ја зеде легендарната „десетка“, кога тимот го презеде Пеп Гвардиола.
Интересно е што Меси во тој момент имаше 21 година, три години постар отколку што Јамал ќе биде ова лето.
Јамал ќе наполни 18 години на 13 јули, кога официјално ќе потпише нов повеќегодишен договор, според кој ќе добие и огромно зголемување на платата. Се претпоставува дека откупната калузула ќе биде 1.000.000.000 евра.
Покрај тоа, тој ја добива легендарната „десетка“ како подарок, што има посебно значење во Барса, бидејќи пред Меси и Роналдињо, ја носеле великани како Ривалдо, Хуан Роман Рикелме, Јари Литманен, Џеовани, а претходно една сезона ја носеле Михаел Лаудруп, Георге Хаџи, дури и Христо Стоичков и Пеп Гвардиола.