Спорт
Фјури: Јас сум белец, па сум бил жртва на расизам
ВБЦ-шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури, вели дека и покрај тоа што е белец, честопати бил цел на расизам во Велика Британија поради неговото ромско потекло.
Фјури, кој го носи прекарот Џипси Кинг, е дел од етничката група ирски патници (Irish Travellers), која живее во Велика Британија и која честопати се нарекува Цигани (Gypsys). На гостување на британската телевизија тој зборуваше за расизмот по протестите во САД и целиот свет поради расната нееднаквост и вели дека можеш да бидеш жртва на расизам, без разлика на бојата на кожата.
„Јас сум бел маж, но во 2020 страдам од расизам бидејќи сум травелер и имам такво етничко потекло. Дури и сега, ќе влезеш во паб, бар или ресторан и на вратата пишува: ’Го задржуваме правото да не пуштаме травелери, Цигани’. Не страдаат само црните луѓе од расизмот. И никој не кажува ништо, тоа е прифатлив расизам тука. Тоа е што е“, вели Фјури.
31-годишниот боксер тврди дека на него и на неговата сопруга Парис во 2016 година не им дозволиле да влезат во ресторан во Британија поради нивната етничка припадност.
„Тоа е страшно бидејќи не можете да го судите човекот според групата. Да се види таков знак на ресторанот беше навистина разочарувачки. Јас сум шампион во тешка категорија, кој ја претставува оваа земја, и не можам да влезам во ресторан. Секој може да биде расист, без разлика дали е бел, црн, кафеав…“, додава Фјури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јамал промаши пенал, Барселона нокаутирана во Џирона
Барселона ја препушти лидерската позиција во Примера, откако во 24-то коло, во малото каталонско дерби, неочекувано падна на „Монтоливи“ во Џирона. Барселона, по поразот 2:1, има два бода помалку од лидерот Реал.
Првото полувреме, донесе неколку добри шанси за Џирона, статива на Рафиња и промашен пенал на Јамал на истекот на првиот дел.
Почетниот резултат на семафорот стоеше до 59-та минута, кога Пау Кубарси постигна гол со глава по центаршутот на Жил Кунде.
Радоста на Барселона траеше само три минути, колку што му беа потребни на Тома Лемар да го израмни резултатот.
Потоа, Џирона имаше неколку одлични шанси, за целосен пресврт, но Џоан Гарсија со брилијантни интервенции не дозволи да биде совладан.
Сепак, во 87-та минута, повторно капитулираше, кога не можеше да го запре ударот на Фран Белтран. Овој фудбалер неодамна пристигна во Џирона на позајмица од Селта.
Барса се обиде, да освои барем еден бод, нападна во последните минути со сите играчи, но резултаот не се промени.
Длабоко во судиското надополнување на времето, во 98-та минута, поради груб прекршок врз Јамал, црвен картон доби Рока.
По овој триумф, Џирона со 29 бода се искачи на 12-то место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Атли Ли Мекграт ја отвори душата по емоционалниот шок
Атли Ли Мекграт е најголемиот трагичар на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Норвежанецот имаше голема предност по првата трка во слалом, но во втората направи грешка и не ја заврши трката.
Неговата рекација, откако испадна, го обиколи светот. Ги фрли штеките, ги тргна скиите, истрча во шумата, се фрли на снегот и плачеше.
Кога сè заврши, Норвежанецот застана пред медиумите и го објасни својот емоционален колапс. Потсети на смртта на неговиот дедо, на денот на отворањето на Зоолошката градина во 2026 година.
Scena incredibile nello slalom di Bormio
Atle Lie McGrath era in testa, ma inforca nella seconda manche e deve così rinunciare all’oro.
La rabbia è tanta: butta un bastoncino, poi si sgancia gli sci, esce dalle reti, si incammina nella neve fresca e va a piangere ai margini del… pic.twitter.com/6VuOwxiv1t
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) February 16, 2026
„Беше надреално чувство, никогаш порано не сум доживеал нешто слично. Мешавина од шок и сè помеѓу… Ако не скијам добро на трката, барем можам да си кажам дека сум здрав и дека моето семејство е здраво и дека луѓето што ги сакам се тука. Но, тоа не беше случај овде. Изгубив некого што го сакав многу, и тоа сигурно ми отежна, иако тој беше единствената причина поради која водев на првата трка и со таква разлика.
Се надевав дека денес ќе можам да го крунисам тешкиот период со нешто добро. Морав навистина да издржам толку многу тешки работи и да останам силен… Не успеав. Само требаше да се оддалечам од сè. Мислев дека ќе добијам малку мир и тишина, за себе. Не го добив, бидејќи фотографите и полицијата ме најдоа во шумата…“, рече Мекграт.
Додека Мкграт патеше и плачеше, Лоик Мејар го освои првото злато за Швајцарија од 1948 година, среброто му припадна на Австриецот Фабио Гштрајн, а Норвежанецот Хенрик Кристоферсон ја помина целта на третото место.
Foto/ EPA
Спорт
Менаџерот на Клоп: „Ги одби Челзи и Јунајтед, можеше да биде селектор“
Иако Јирген Клоп засега се пензионираше од тренерската работа, но и покрај тоа неколку врвни клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Клоп, откако го напушти Ливерпул, стана глобален фудбалски директор во Ред Бул. Интересо за Клоп неодамна покажа Реал Мадрид, кога Чаби Алонсо доби отказ.
Менаџерот на германскиот тренер, Марк Косице, откри кој бил заинтересиран за услугите на Клоп.
„Пред да се приклучи на Ред Бул, можеше да стане селектор на САД или Англија. Веројатно и на Германија ако Јулијан Нагелсман не седеше на клупата. Манчестер Јунајтед и Челзи се интересираа, иако Јирген рече дека нема да тренира клубови од Англија. И покрај тоа, имаше многу заинтересирани“, рече Косике.
Засега, тој не е блиску до враќање на тренерската работа.
„Во моментов не гледам дека тоа ќе се случи. Тој е многу задоволен од својата нова улога и од целата околина. Тој најде добар соработник во Марио Гомез. Марио го мразеше Јирген затоа што му украде две титули и Купот на Германија. За возврат, Клоп отсекогаш сонуваше да го има Марио во својот тим. Двајцата се одлична комбинација денес.“
Foto/ depositphotos

