Спорт
Фјури: Јас сум белец, па сум бил жртва на расизам
ВБЦ-шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури, вели дека и покрај тоа што е белец, честопати бил цел на расизам во Велика Британија поради неговото ромско потекло.
Фјури, кој го носи прекарот Џипси Кинг, е дел од етничката група ирски патници (Irish Travellers), која живее во Велика Британија и која честопати се нарекува Цигани (Gypsys). На гостување на британската телевизија тој зборуваше за расизмот по протестите во САД и целиот свет поради расната нееднаквост и вели дека можеш да бидеш жртва на расизам, без разлика на бојата на кожата.
„Јас сум бел маж, но во 2020 страдам од расизам бидејќи сум травелер и имам такво етничко потекло. Дури и сега, ќе влезеш во паб, бар или ресторан и на вратата пишува: ’Го задржуваме правото да не пуштаме травелери, Цигани’. Не страдаат само црните луѓе од расизмот. И никој не кажува ништо, тоа е прифатлив расизам тука. Тоа е што е“, вели Фјури.
31-годишниот боксер тврди дека на него и на неговата сопруга Парис во 2016 година не им дозволиле да влезат во ресторан во Британија поради нивната етничка припадност.
„Тоа е страшно бидејќи не можете да го судите човекот според групата. Да се види таков знак на ресторанот беше навистина разочарувачки. Јас сум шампион во тешка категорија, кој ја претставува оваа земја, и не можам да влезам во ресторан. Секој може да биде расист, без разлика дали е бел, црн, кафеав…“, додава Фјури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.