Спорт
Флоренци под истрага за нелегално обложување
Искусниот фудбалер на Милан, 32-годишниот Алесандро Флоренци e под истрага за нелегално обложување.
Според новинската агенција АГИ, дефанзивецот на Милан треба да го даде своето сведочење во наредните денови.
„Фудбал Италија“ потсетува дека јавниот обвинител во Торино ги обвини Сандро Тонали и Николо Фаџоли, кои ја признаа вината и добија помали казни. Тонали е доби десет, а Фаџоли седум месечна суспензија.
Николо Заниоло сè уште е под истрага, во својата изјава тој рече дека никогаш не се обложувал на спортски настани, само на покер и блек џек.
Флоренци наводно е под слична истрага.
Против правилата е сите професионални фудбалери да се коцкаат на кој било начин, во каква било форма, дури и кога играат покер. Сепак, казната за спортско обложување е далеку построга, па Заниоло и Флоренци се надеваат дека ќе добијат само парични казни.
Може да биде проблем ако се утврди дека апликациите или сајтовите што се користат за коцкање се нелегални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нестварни сцени во Канада – Снег до колена, натпревар на векот и ножичките на Родригез
Фудбалерите на Атлетико Отава ја освоија својата прва титула во Канадската Премиер лига (КПЛ) откако го победија Кавалри ФК со 2:1 во продолжение во неверојатни услови, среде снежна бура. Херој на вечерта беше Давид Родригез, кој ги постигна двата гола за својот тим и им го донесе историскиот трофеј од Купот Норт Стар.
Двата тима во неделата вечерта во Отава се бореа со времето исто колку и едни со други, а битката за шампионската титула се одвиваше во речиси невозможни услови.
Почетокот на натпреварот беше одложен поради обилните снежни врнежи. Персоналот користеше механизација и лопати во текот на целата ноќ за да ги расчисти линиите на стадионот ТД Плејс, а понекогаш и самите играчи им притрчаа на помош.
Навивачите кои се осмелија да дојдат на стадионот и покрај студот беа предупредени да не фрлаат снежни топки на теренот.
Гостите од Калгари први поведоа. Фрејзер Ерд погоди од пенал во 32-та минута, но славењето не траеше долго. Само неколку минути подоцна, Давид Родригез израмни со спектакуларен удар со ножички.
По основните 90 минути, резултатот остана 1:1, а имаше пауза од речиси еден час за повторно да се исчисти теренот од снегот.
Кога играта продолжи, одлучувачкиот момент се случи во 106-та минута. Родригез прими долга топка од Мани Апарицио и го лобуваше голманот Марко Кардучи за водство и, како што се покажа, победа.
За Атлетико, ова е прва титула во нивната историја, откако загубија во финалето од Форџ ФК во 2022 година. Од друга страна, Кавалри ФК, шампионите во 2024 година, не успеаја да ја одбранат титулата.
Спорт
Алкараз го презеде бројот 1 од Синер, Ѓоковиќ се врати на четвртото место
Карлос Алкараз се врати на првото место на АТП листата, на која од денес Новак Ѓоковиќ е на четвртото место, а Тејлор Фриц назадуваше за две позиции.
Алкараз го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот Јаник Синер, кој моментално е втор играч во светот со 10.000 поени. На синер му беа избришани 1.500 поени освоени минатата сеозна кога го освои Завршниот мастерс.
Математиката е јасна, доколку Алкараз забележи уште две победи на Завршниот мастерс, кој вчера започна во Торино, ќе биде број е на крајот од годината, дури и доколку Синер го освои турнирот без пораз.
Алкараз и Синер се далеку пред конкурентите, имаа 5.000 поени повеќе од Алкесандар Зверев на третото место.
Ѓоковиќ, во саботата победи во Атина на турнирот од серијата 250. Србинот стана најстариот победник на АТП турнир и се искачи на четвртото место. Инаку, Ѓоковиќ, поради повреда го откажа настапот на Завршниот мастерс.
Зад него е Бен Шелтон, кој го бележи најдобриот пласман во кариерата. Две места назадуваше Тејлор Фриц, тој се наоѓа на шестата позиција.
Следуваат Австралиецот Алекс де Минор, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Мусети и Британецот Џек Дрејпер, кој е 10-ти на листата на најдобри играчи во светот.
Спорт
Рој Кин го отпиша Ливерпул од борбата за титулата
Рој Кин го отпиша актуелниот шампион Ливерпул од трката за титулата во Премиер лигата. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, тврди дека тимот на Арне Слот е во криза по тешкиот пораз од 3.0 кај Манчестер Сити.
„Граѓаните“, му го честитаа големиот јубилеј на менаџерот Пеп Гвардиола, со убедлива победа, во која стрелци беа Ерлинг Халанд, Нико Гонзалез и Жереми Доку.
Ливерпул, по овој пораз има осум бода помалку од лидерот Арсенал, ова беше нивниот четврти последователен пораз на гостински терен во лигата, што не им се случило од 2012 година.
„Не можете да го сметате Ливерпул за претендент за титулата. Сити ме потсети на стариот Манчестер Сити. Тие беа извонредни. Се вратија во трката за титулата“, рече Кин во анализата за „Скај Спортс“.
„Ливерпул е во криза. Во ред е да се изгуби од клуб како Манчестер Сити, тоа е тежок натпревар на гостински терен. Но, да се изгубат седум од десет натпревари, со веќе пет порази во лигата, тоа мора да е криза за клуб како Ливерпул. Ливерпул изгледаше како слаб тим.
Тренерот рече дека е задоволен од второто полувреме, кога натпреварот беше решен. Лесно е да се игра добро кога играш за ништо. Сити изгледаше посилен, технички подобар и физички помоќен од Ливерпул. Немаше интензитет и енергија во играта на ливерпул. Замените беа слаби.“

