Спорт
Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Манчестер сити има само четири победи во последните 17 натпревари во сите натпреварувања. Шампионскиот тим на Пеп Гвардиола изгледа непрепознатливо оваа сезона и во моментов изгледа дека не може да се вклучи во трката за титулата во Премиер лигата.
Фил Фоден е сигурен дека клубот нема да ја освои петта последователна шампионска титула во Англија. Тој тврди дека тоа е „завршена работа“, откако неговиот тим, со натпревар помалку, заостанува 12 бода зад лидерот Ливерпул.
„Титулата оваа година? Мораме да гледаме реално на работите. Тоа ни е јасно. Не сме глупави. Целиме на едно од првите четири места и ѓто е можно подобар резултат во Лигата на шампионите. Мораме да бидеме реални. Нашите настапи не се на посакуваното ниво“.
Фоден има постигнато четири гола во Премиер лигата на 16 одиграни натпревари оваа сезона. Во Лигата на шампионите на пет натпревари додаде три гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн за Дијаз подготви 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул.
Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување.
„Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул.
Многумина веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе биде нов член на Баерн од понеделник.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓокереш официјално е играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“.
Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона.
„Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни бројки. Возбудени сме од она што може да ни го донесе. Нему и на неговото семејство му посакуваме добредојде во Арсенал“, рече Артета.
Патем, Џокерес го зеде бројот 14 во Арсенал.
Извонредниот Швеѓанец минатата сезона за Спортинг постигна 54 голови на 52 натпревари.
Арсенал за трансферот издвои 63,5 милиони евра, а дополнителни 10 милиони Спортинг може да заработи преку дополнителните бонуси.
Foto/ arsenal.com
Спорт
ПСЖ мора да го продаде Донарума

Каде ќе брани еден од најдобрите голмани во светот во новата сезона?
Како што стојат работите, тој нема да биде во Пари Сен Жермен. Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума.
Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се во ќорсокак.
Пари Сен Жермен не сака да дозволи уште една ѕвезда од тимот да си замине без обештетување и се чини дека затоа одлучиле да го продадат одличниот голман ова лето.
По тој повод, „Лекип“, пишува дека Манчестер Јунајтед и Сити им се придружија на Челзи и Галатасарај, кои беа поврзувани со Донарума уште претходно.
Доколку се врати во Серија А, единствените веројатни кандидати би биле Интер и Јувентус, наведува „Фудбал Италија“.
Италијанецот беше еден од најдобрите играчи на Пари Сен Жермен минатата сезона на патот кон освојување на Лигата на шампионите.
Во исто време, ПСЖ бара негов наследник, а изборот наводно паднал на Лука Шевалие, голманот на Лил.