Спорт
Фоњини разочаран од новата генерација: Не плаќам билет да го гледам тоа
Италијанскиот тениски ас Фабио Фоњини вели дека не е задоволен од насоката во која се движи тенисот посочувајќи дека кога ќе се пензионира, воопшто не планира да ја гледа следната генерација тенисери.
34-годишниот Фоњини вели дека е навикнат на стилот на игра што го наметна Роџер Федерер сметајќи дека младите тенисери диктираат игра со форхенд и сервис-бомби.
„Видете, ќе бидам искрен. Можеби бидејќи сум од постарата генерација, не ми се допаѓа тоа што го гледам како иднина на спортот. Сите се исти, само гледате момци што удираат силно форхент и сервираат бомби. Тоа не ми се допаѓа. Кога ќе се пензионирам, нема да гледам ништо на ТВ ниту, пак, ќе платам билет да го гледам тоа. Навистина не вреди. Би платил билет за Федерер, особено ако е како во старите денови. Тоа ми се допаѓаше. Не знам дали тоа ќе го видиме пак некогаш“, вели Фоњини на прес-конференција на Аргентина опен во Буенос Аирес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пенал рулетот во Асунисон за Ланус – Трофејот во Копа Судамерикана за аргентинскиот тим
Фудбалерите на Ланус го освоија трофејот во Копа Судамерикана, јужноамриканскиот пандан на Лига Европа. Во финалето, во престолнината на Парагвај, Асуснион, аргентинскиот тим го победи Атлетико Минеиро по изведувањето пенали со 5:4. Во основниот дел и по продолженијата немаше голови.
Финалето беше далеку под просекот, од стартот беше јасна намерата на Ланус да издржи до пенал серијата. Најдобрата шанса во основниот дел ја имаше шанса преку Хулк, но неговиот удар го запре стаивата.
Во продолженијата Биел имаше ситуација „еден на еден“ во 112-та минута, но Лосада го одбрани неговиот удар. Подоцна во пенал серијата, Биел прерасна во најголемиот трагичар на ово финале, бидејќи Лосада гму го одбрани и пеналот.
Боу и Хул промашија во првата серија, Биел во четвртата, а легендата на Ланус Лаутаро Акоста не успеа да му го донесе трофејот на својот тим во петтата серија. Неговиот удар заврши високо над голот.
Конечно во седмата серија Лосада го одбрани и ударт на Витор Уго.
Голманот на Ланус е вистински херој на својот клуб и најзаслужен за вториот осовоен трофеј во ова натпреварување.
Атлетико Минеиро се претворија во лузери, точно пред една година го загубија Купот на Бразил, потоа доживеаја пораз и во Копа Либертадорес.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Наполи за полувреме ја реши Аталанта
Фудбалерите на Наполи ја победија Аталанта со 3:1 во натпреварот од 12-то коло на Серија А.
Новиот тренер на Аталанта, Рафаеле Паладино дебитираше со пораз на тереното на актуелниот италијански шампион. Пред репрезентативната пауза тој го замени Иван Јуриќ.
Наполи ја заврши работата во првото полувреме, кога постигнв три гола.
Давид Нерес двапати ја затресе мрежата на гостите, а Ноа Ланг исто така постигна гол во 45-та минута. Во второто полувреме, резервистот Џанлука Скамака успеа да го постигне почесниот гол за Аталанта.
Со оваа победа, Наполи се врати на врвот на табелата, има бод повеќе од Интер, Рома и Болоња. Рома и Интер в недела ќе ги одиграат своите натпревари од 12-то коло. Аталанта има само две победи од почетокот на сезоната, се наоѓа на 13-то мести и нема победа на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Играч на „Брегалница“ нападнат за време на натпревар, приведен 36-годишник од Арачиново
Вчера околу 13:50 часот, на стадионот „Фортуна“ во Скопје, полицијата привела 36-годишен маж од селото Арачиново. Тој за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на „Брегалница“.
Интервенирале полициски службеници од скопската полиција, кои веднаш го привеле напаѓачот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

