Спорт
Фонсека: Пулишиќ ги шутира пеналите, ова не смее да ни се повтори
Милан не успеа да го избегне поразот од Фиорентина на „Артемио Франки“. Давид Де хеа им одбрани два пенали на гостите, со што им овозможи на соиграчите да слават со 2.1. Инаку пенал не реализираа и домашните, при резултат 0:0, Мањан го одбрани ударот на Кен.
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, по мечот истакна дека им е лут на фудбалерите бидејќи не ја почитувале хиерархијата, бидејќи како што истакна главен изведувач на пенали е Кристијан Пулишиќ.
„Секако дека сум вознемирен бидејќи играчите самоиницијативно решаваа кој ќе шутира. Пулишиќ треба да ги шутира. Тоа никогаш повеќе не смее да се повтори, тоа им го кажав на играчите“, изјави Фонсека, кој по натпреварот имаше бурна средба со играчите.
Инаку, Де Хеа прво му одбрани пенал на Тео Ернандез, а потоа и на Тејми Ејбрахам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Турција
Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам и хронометар трки, Елена Петрова (31), зазема учество на овогодинешното издание на Балканското првенство во друмски велосипедизам 2024 (Balkan Road Cycling Championship WE – ITT 2024), кое минатата недела се одржа во турскиот град Едрене.
Во силна конкуренција на учеснички од целиот регион, нашата претставничка успеа да ја заврши 25.3km долгата патека на одличното 3-то место, со задочнување од само 42 секунди зад првопласираната.
„Пресреќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со национален дрес гордо да застанам на подиумот во Едрене. Трката беше мошне захтевна, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 3 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и вистински мотив за трките кои следат.“ – додаде Елена Петрова веднаш по прогласувањето на победниците.
Спорт
Навивачите на Баерн го бојкотираат натпреварот со Шахтјор
Екипата на Баерн во четвртото коло од Лигата на шампионите во Германија ќе го пречека Шахтјор и наместо да има голема поддршка од своите навивачи, како што стојат работите, тие ќе отсуствуваат.
Баварците ќе му гостуваат на Шахтјор на стадионот на Шалке каде што се домаќини.
Навивачите на Баерн решија да го бојкотираат овој натпревар, но не поради политички или други причини, туку поради цената на билетите.
Цената на билетите за натпреварот во Гелзенкирхен се движи од 52 евра па нагоре, додека во Минхен најниската цена е само 19 евра.
Од Минхен сметаат дека е премногу и затоа се побуниле. Тие објавија кратко соопштение во кое се вели:
„Не дозволувајте да ве измамат и да го бојкотираjте го натпреварот против Шахтјор. За фер цени, и против поскапувања за топ мечеви“, се вели во соопштението.
Спорт
Арсенал треба да издвои многу пари за замената на Тросар
Леандро Тросар најверојатно ќе го напушти Арсенал во следниот преоден рок, а „Топџиите“ веќе ја таргетираа неговата замена.
За Тросар веќе подолго време постои интерес од Саудиска Арабија, пред се од Ал Итихад. Белгискиот репрезентативец е се поблиску до заминување од „Емирати“, па Арсенал мора да бара замена.
Микел Артета би сакал во својот тим да го види Мохамед Кудс, играчот на Вест Хем.
Репрезентативецот на Гана игра одлично и покрај тоа што „чеканите“ се мачат. Тој е еден од најдобрите играчи на тимот, а за него веќе се распрашуваа неколку големи европски клубови.
За евентуалниот трансфер, Арсенал ќе треба да издвои голема сума. Вест Хем бара над 100 милиони евра за Кудус.“ ќе мора да потрошат многу пари за да го доведат репрезентативецот на Гана.
Кудус е во Вест Хем од почетокот на минатата сезона, а досега за „чеканите“ постигна 16 гола на 55 натпревари.