Спорт
Формула 1 останува без култниот лик: Себастијан Фетел заминува во пензија

Себастијан Фетел, четирикратниот светски шампион во Формула 1, одлучи да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона. Фетел на почетокот на месецот го прослави својот 35-ти роденден и е еден од највозрасните возачи во Формула 1.
Тој во последните две сезони вози во Астон Мартин, а најдобар финиш во тој болид му беше второто место во Азербејџан минатата година. Сезонава има едно шесто, едно осмо и едно деветто место.
„Ми беше тешко да ја донесам оваа одлука по 15 прекрасни години. Сакам да поминувам повеќе време со семејството и се уште не знам што ќе правам по оваа сезона“, изјави Фетел.
Во кариерата Фетел оствари 53 победи и 122 пати се искачи на подиумот. Од 2010 до 2014 година, тој освојуваше титули возејќи го Ред Бул. После тоа, тој помина шест години во Ферари, каде двапати беше светски вицешампион.
Повеќе шампионски титули од него имаат само Хуан Мануел Фанџо (5) и Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, кои имаат по седум титули.
BREAKING: Sebastian Vettel has announced he will retire from F1 at the end of the 2022 season
4 world titles
53 race wins
122 podiums
1 phenomenal career#ThankYouSeb pic.twitter.com/K8BVXI6IAx— Formula 1 (@F1) July 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дортмунд го комплетираше трансферот на Модест како замена за Але

Борусија Дортмунд го потврдија трансферот на ветеранот на Келн, Антони Модест како замена за Французинот Себастиен Але, кому по трансферот во Дортмунд му беше дијагнстициран рак на тестисите.
34-годишниот Французин Модест потпиша едногодишен договор со клубот, откако како потенцијални опции „испаднаа“ Мемфис Депај, Мауро Икарди, Единсон Кавни и Луис Суарез.
„Антони е вистински професионалец кој ja познава многу добро Бундеслигата, кој лани имаше 20 гола и има совршен профил кој го бара нашиот тренер Един Терзиќ“, изјави спортскиот директор на клубот, Себастијан Кел.
Според германските медиуми, Дортмунд ќе плати 5 милиони евра на Келн.
Спорт
Канада не дозволи влез на Викторија Азаренка

Поранешната гренд слем шампионка, Викторија Азаренка нема да настапи на Торонто опен, турнир на кој веќе има 10 настапи, откако Канада одби да и издаде виза на 33-годишната поранешна светска тенисерка број 1 бидејќи доаѓа од Белорусија.
„Поздрав до сите. Сакав да ве информирам дека морам да се повлечам од турнирот во Торонто откако ми беше одбиена визата. Навистина разочарувачки што ќе морам да пропуштам еден од моите омилени турнири. Сакам да играм во Канада пред фантастичните фанови и пријатели кои ги направив последните години. Им посакувам среќа на сите и се гледаме во Синсинати“, напиша Азаренка на Твитер.
На Азаренка, претходно не и беше дозволен ниту настап на Вимблдон, каде што руските и белоруските тенисери и тенисерки беа непожелни. Таа неодамна откри дека како членка на Советот на ВТА турнејата, се обидела да најде решение со британските организатори, но дека тие не послушале ниту еден совет. Иронично, таа ќе може да настапи на САД опен, откако американскиот гренд слем реши да не го следи примерот на Вимблдон.
Update… pic.twitter.com/2X7kmsAqt3
— victoria azarenka (@vika7) August 7, 2022
Спорт
Луис Хамилтон ја одбил понудата на Том Круз да биде дел од новиот „Топ ган“

Седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон открива дека морал да ја одбие понудата од Том Круз да биде дел од новиот филм „Топ Ган: Маверик“ поради Формула 1 календарот. 37-годишниот Хамилтон и претходно беше дел од Холивуд, откако имаше епизодна улога во „Зулендер 2“ и го позајми гласот за филмовите „Карс 2“ и „Карс 3“.
Британецот открива дека бил голем фан на оригиналниот „Топ ган“ и дека детска желба му била да биде пилот на небо, а не во Ф1 болид, така што ова било емотивно откажување на шанса која се пружа еднаш во животот.
„Јас сум пријател со Том Круз, кој е еден од најдобрите луѓе кои можете да ги најдете. Ме покани кога го снимаа ‘Edge of Tomorrow’ и оттогаш сме пријатели. Кога дознав дека излегува нов ‘Топ ган’ веднаш си кажав дека сакам улога, што било, да бидам чистач во позадина. Но, тој отиде понатаму и ми понуди улога на пилот. За жал, морав да го одбијам тоа“, вели Хамилтон во интервју за „Венити фер“.