Спорт
Формула 1 останува во Кнежевството
Големата награда на Монако, во Монте Карло ќе остане во календарот на Формула 1 најмалку до 2031 година.
Оваа одлука ја соопштија челниците на Светската автомобилска федерација (ФИА) по договор со автомобилскиот клуб Монако.
Трката низ улиците на Монте Карло за прв пат се одржа во 1950 година, а од 1955 година редовно е во календарот на најбрзиот караван во светот.
Петмина од актуелните Формула 1 возачи славеа барем еднаш во Монте Карло: Макс Ферстапен, Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Серхио Перез и Шарл Леклер.
Следната година ќе се прослави 75-годишнината од првата трка во Кнежеството (23-25 мај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фернандеш: Аморим доаѓа во вистински момент ќе внесе нова енергија
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека новиот тренер Рубен Аморим доаѓа во вистонско време за да внесе нова енергија во клубот. .
Аморим официјално го презеде Јунајтед во понеделникот, претходно клубот го напушти Ерик тен Хаг поради лошите резултати.
„Направи нешто посебно во Спортинг. Ги гледав скоро сите натпревари на Спортинг, Аморим е некој кој ја врати возбудата во клубот, им донесе многу добри работи и се надевам дека ќе може да го направи истото и овде. По речиси 20 години ја освоија титулата“, изјави за Фернандеш на клупската телевизија.
Тој рече дека Манчестер има различни играчи и дека поради тоа може да игра на неколку начини.
„Сигурен сум дека идејата што ја има ќе ни донесе успех, без разлика на тоа како ќе играме. За мене е важна врската што ја има со играчите. Видовме како се простија од него, начинот на кој го третираат доволно зборува за тоа колку го почитуваат. Одеше на конференции и ги бранеше по лошите резултати“, изјави Фернандеш.
Португалскиот фудбалер не постигна гол на 13 натпревари оваа сезона во кои Тен Хаг го предводеше Манчестер, а потоа погоди четири пати во пет натпревари додека Руд ван Нистелрој привремено го водеше тимот.
Аморим на 24 ноември ќе дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед во 12. коло од Премиер лигата против Ипсвич.
Манчестер се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер лигата со 15 бодови, додека во Лига Европа е на 15. позиција со шест бодови.
Спорт
Тареми никогаш нема да го заборави оовј натпревар – Три асистенции, автогол, промашен пенал
Фудбалерите на Иран ја задржаа лидерската позиција во А групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство откако ја совладаа Северна Кореја со 3:2 (3:0).
Централна фигура на натпреварот одигран во Лаос беше фудбалерот на Интер, Мехди Тареми, кој имаше хет-трик со асистенции, но за малку ќе се претвори од херој во трагичен.
Иран одигра совршеното прво полувреме и ужасно второ полувреме. Натпреварот долго ќе го памети Тареми.
Напаѓачот на Интер најпрвион му асистираше на Гаједи во 29.минута, а потоа забележа уште две асистенции во 41. и 45.минута кога стрелец беше Мохеби
Кошмарот за тареми и Иранците започна во 52. минута кога останаа без Кализаде, кој беше исклучен, а во 56. минута Тареми си постигна автогол и ги врати играчите од Северна Кореа во натпреварот.
Три минути подоцна веќе беше 2:3, стрелец беше Ким и победата на Иранците веќе беше сериозно загрозена.
Во 67. минута, беше досуден пенал за Иран, топката ја зеде Тареми и промаши.
Во преостанетите 25 минути одбраната на Иран успеа да издржи, ги одби сите налети на Северна Кореја.
Иран во групата е прв со 13 бода, Узбекистан со натпревар помалку има 10 бода, следуваат со по четири Обединетите Арапски Емирати и Катар.
Спорт
Баерн ќе му ја зголеми платата на Мусијала за 140 отсто
Челниците на Баерн Михен, Макс Еберл и Кристоф Фројнд до крајот на годината ќе ги завршат сите формалности околу новиот договор на Џамал Мусијала. Актуелниот договор на Мусијала со Баерн истекува во јуни 2026 година.
Мусијала е означен како главен играч во новиот проект на клубот, поради тоа ќе добие договор до 2030 година и зголемување на платат за 140 отсто.
Според актуелниот договор, годишната бруто плата на Мусијала изнесува околу 9.000.000 евра, со новиот договор клубот му нуди бруто плата во износ од 22.000.000 евра.
За споредба, повеќе од Мусијала во моментов заработуваат: Хари Кејн (24.000.000), Мануел Ноер, Лерој Сане, Џошуа Кимих (по 20.000.000), Кингсли Коман, Серж Гнабри (по 19.000.000), Леон Горецка (по 17.000.000), Ким, Дајо Упамекано, Жоао Палиња (по 16.000.000), Мајкл Олис (13.000.000) и Алфонсо Дејвис (11.000.000).
Баерн може ова да си го дозволи бидејќи од наваедените играчи, петмина сигурно од наредната сезона нема да бидат во Минхен. Станува збор за Ноер, Сане, Коман, Горецка и Дејвис.
Мусиала со овиот договор ќе стане вториот најплатен играч на Баерн, веднаш зад неприкосновениот Кејн.
Германските медиуми пишуваат дека во новиот договор на Мусијала нема да има откупна клаузула.