Спорт
(Фото) Флик: Кубарси ќе има десет конци на лицето
Натпреварот помеѓу Црвена звезда и Барселона, освен убедливиот триумф на каталонскиот тим со резултат 5:2, го одбележа и повредата на Пау Кубарси.
Младиот дефанзивец на Барселона во еден дуел го доби врвот на копачката на Урош Спајиќ во лицето и остана да лежи на тревата.
Откако му беше укажана помош на теренот, Кубарси беше заменет и веднаш замина во соблекувалната.
Неговиот личен опис е сериозно променет, како што покажуваат сликите по натпреварот.
„Кубарси е добро, но ќе има десет конци во лицето“, изјави по натпреварот тренерот на Барселона, Ханси Флик.
За овој прекршок, капитенот на Црвена звезда, Спајиќ доби жолт картон.
🔵🔴🪡 Hansi Flick: “Pau Cubarsí is fine, but he will have 10 stitches on his face”. pic.twitter.com/WzytQKKrQ7
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 6, 2024
Pau Cubarsi, ce guerrier catalan pic.twitter.com/904neM7FjS
— FC Barcelona (@fcbarcelona_fra) November 6, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кординие е решението за проблемите на Реал
Кошаркарите на Реал Мадрид лошо ја започнаа сезоната, особено во Евролигата, каде по осум рунди веќе имаат пет порази.
На Реал му се неопходни засилувања, најмалку по еден играч во надворешната и внатрешната линија.
Ајзеа Кординие е првиот пик на Реал како засилување на бековската позиција. Францускиот кошаркар е еден од главните адути на Виртус оваа сезона, екипа која исто така лошо влезе во новата сезна.
Доколку сака да го доведе францускиот репрезентативец, Реал ќе треба да одвои половина милион евра како обештетување. Во замена за Кординие, италијанскиот тим би го довел младиот играч на Реал Мадрид, Уго Гонзалес.
Кординие, кој одигра исклучително добро на олимпискиот турнир во Париз, сезонава во италијанското првенство има просек од 10,3 поени, додека во Евролигата бележеше 14,1 поен, но и 4,7 скока и 3,9 асистенции по натпревар.
Спорт
Лорис: Пред финалето во 2019 ни купија часовници со посвета „финалист на ЛШ 2019“
Вчера во продажба излезе автобиографијата на долгогодишниот капитен на Тотенхем и Франција, Иго Лорис. Големо внимание привлекува делот во кој Лорис пишува за финалето во Лигата на шампионите, против Ливерпул во Мадрид. Поранешниот голман на Тотенхем вели дека судиите го ограбиле неговиот тим во пресметката со Ливерпул, но дека и тие самите не го посакувале доволно трофејот.
„Помалку од една година по финалето на Светското првенство, се најдов во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Со тоа станав еден од ретките што играле финале на Европско првенство, финале на Светско првенство, а потоа и финале во Лигата на шампионите. Ден пред натпреварот, во Мадрид, налетав на Дејан Ловрен, дефанзивецот на „црвените“, мој поранешен соиграч од Лион. „Еј, Иго“, викна „Ти го имаш Светското првенство, можеш да ми дозволиш да ја освојам Лигата на шампионите!“, пишува Лорис во својата автобиографија.
Појаснува …
„Пеналот што го досуди судијата Дамир Скомина по 24 секунди од натпреварот, кога топката го погоди телото на Муса Сисоко и се одби во неговата рака, го уби финалето и не збриша од теренот. Од 2 јуни 2019 година, промената на правилото значеше дека повеќе нема да има казна ако топката удри во раката на играчот откако прво ќе допре друг дел од неговото тело. Финалето се одржа на 1 јуни 2019 година и нешто што немаше да биде пенал следниот ден ја запечати судбината на финалето пред да започне“.
Но, да се вратиме на првичната премиса и тој губитнички менталитет на Тотенхем, односно подготвеноста лесно да ги прифатат поразите.
„Тоа не беше некое спектакуларно финале. Играв во три финалиња со Тотенхем – два Лига купа (2015 и 2021 година) и една Лига на шампиони, не постигнавме ниту еден гол. Беше толку разочарувачки да се доживеат сите тие емоции и авантурата да заврши на таков начин. Не знам дали сите во клубот и тимот разбраа колку е тешко да се стигне до финалето, а колку е тешко да се вратиш од негативата. Не сум сигурен дека разбравме дека ова можеби е единствената шанса во нашите кариери да ја освоиме Лигата на шампионите; дека клубот за кој игравме не беше програмиран да го освои; дека можевме да избегнеме да слушнеме дека луѓето велат дека Тотенхем никогаш повеќе не освоил ништо; дека нашите имиња би можеле засекогаш да бидат врежани во историјата на клубот. Тоа ни го одзеде тој пенал”.
Потоа нуди конкретен доказ дека Тотенхем едноставно го нема тој шампионски менталитет.
„На сите ни е врежан по еден детал во меморијата. На четири дена пред финалето, Даниел Леви ни се јави на сите да ни каже дека со поддршка од спонзорите секој од клубот ќе добие по еден луксузен часовник. Отпрвин бевме возбудени кога ги видовме елегантните кутии. Потоа ги отворивме и откривме дека на задната страна на секој часовник е изгравирано името на играчот и до него зборовите „Финалист на Лигата на шампионите 2019“. „Финалист.“ Кој прави такво нешто во такво време? Сè уште не можам да се помирам со тоа, и не сум единствениот. Да победевме, немаше да побара да ни ги вратат часовниците, наместо тоа да го изгравира „освојувачот“.
Спорт
Најдобриот велосипедист има најголема плата и откупна клаузула од 200 милиони евра
Тадеј Погачар (26) имаше неверојатна година. Словенечкиот велосипедист по трет пат победи на Тур де Франс, славеше на Џиро д’Италија и ја освои титулата светски шампион.Претходно ова им успеа на Еди Меркс во 1974 година и Стивен Рош во 1987 година.
Фантастичната сезона е наградена со продолжување на договорот со тимот на ОАЕ Емирати до 2030 година. „газета дело Спорт“, ги откри деталите од договорот што го прави најплатен велосипедист во светот.
„Никој во светот на велосипедизмот не ги достигна овие бројки“, истакнуваат италијанските медиуми и потсетуваат дека Словенецот е дел од тимот на Емирати од 2019 година.
Досега Погачар заработуваше седум милиони евра по сезона, не сметајќи ги бонусите, додека според новиот договор ќе има осум милиони евра. Тоа значи дека до крајот на договорот ќе заработи околу 50 милиони евра. Доколку некој друг тим сака да го доведе, на ОАЕ ќе треба да им плати отштета од 200 милиони евра колку што е откупната клаузула на Погачар.
„Овој тим е моето семејство. ОАЕ беа првиот тим кој праша за мене кога бев дете. Заедно имавме големо влијание на велосипедизмот. Горд сум на она што го постигнавме во текот на овие шест години”, рекол Погачар.