Спорт
Фотo кое го обиколи светот: Српска тенисерка со утеха за повредена противничка
Српската тенисерка Александра Круниќ е хит во светот денеска. Главната вест поврзана со неа не е дека се пласираше во второто коло на гренд-слем турнирот Ролан Гарос во Париз, туку поради гестот што го направи.
Круниќ денеска играше против Австралијката Дарија Гаврилова. Србинката првиот сет го освои со резултат 6-2. При резултат 2-2 во вториот сет, Гаврилова мораше да го предаде мечот поради силни болки во бутниот мускул. Таа и пружи рака на Круниќ и се извини на публиката што прерано мора да го заврши мечот.
Тогаш се случи моментот кој го воодушеви светот. Австралиската тенисерка почна да плаче, а прва до неа притрча токму Круниќ и и даде утеха.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Икарди ќе го напушти Галатасарај
Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи кариерата во Италија или Шпанија, објавија италијанските медиуми, додавајќи дека неговиот менаџер е во контакт со Милан, Комо и Рома.
Икарди, во Галатасарај пристигна пред четири години, досега постигна 69 гола и додаде 22 асистенции.
Со доаѓањето на Виктор Осимен, а потоа и на крилниот напаѓач Лерој Сане, целосно се смени статусот на Икарди.
Иако постигна осум гола на 21 натпревар оваа сезона, тој беше во почетниот состав само шест пати. Бидејќи неговиот договор со Галатасарај истекува на крајот од оваа сезона, можно е тој да се пресели во нов клуб веќе во зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми објавуваат дека покрај италијанските, интерес за Аргентинецот покажале шпанските клубови Елче и Овиедо.
За време на неговата кариера, Икарди играше и за Сампдорија, Интер и ПСЖ. Најдлабока трага остави во Интер, за кој постигна 124 гола на 219 натпревари.
Спорт
Тер Штеген на пат кон северен Лондон?
Фудбалскиот клуб Тотенхем, има желба да го ангажира голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген.
Водечкиот спортски медиум во Каталониј, „Спорт“, пишува дека за Тер Штеген нема место во Барселона, а во Тотенхем не се задоволни од фромата во која брани Гиљелмо Викарио. Исто така, повремениот италијански репрезентативец се поврзува со Интер, но овој трансфер може да се случи дури по завршувањето на сезоната.
Тер Штеген, неодамна се врати од долгата повреда, прв голман е Џоан Гарсија, кој пристигна летово од Еспањол. Јасно е дека нема иднина на „Ноу Камп“, а доколку сака да биде во германската репрезентација на СП, мора да најде тим каде што ќе брани.
Foto/ depositphotos
Спорт
Синот на Анчелоти доби отказ
Давиде Анчелоти, син на познатиот италијански тренер Карло Анчелоти, кој моментално е селектор на Бразил, беше отпуштен од Ботафого. Анчелоти јуниор го презеде бразилскиот клуб во јули оваа година и тоа беше негово прво назначување како главен тренер.
Анчелоти го водеше Ботафого во 33 натпревари, забележувајќи 15 победи, 10 нерешени и 8 порази. Во бразилското првенство, Ботафого заврши на шестото место и беше елиминиран во осминафиналето на Купот Либертадорес.
Претходно, Анчелоти му беше асистент на Дон Карло во Реал Мадрид, Евертон и Наполи, а започна како фитнес тренер во ПСЖ.
„Ботафого објавува дека Давиде Анчелоти повеќе не е тренер на првиот тим. Фитнес тренерот Лука Гера и асистентите Луис Тевенет и Ендру Манган си заминуваат со него. Клубот му се заблагодарува на Анчелоти за неговата професионалност и посветеност додека го водеше тимот и му посакува успех во неговите идни предизвици“, објави бразилскиот премиерлигаш, додавајќи дека името на новиот тренер ќе биде објавено наскоро.
Foto/ depositphotos

