Спорт
(Фото) Роберт Кубица со Ферари го освои Ле Ман
Роберт Кубица, поранешен возач во Формула 1, ја освои трката на издржливост, најпознатата во светот. Ферари трета година по ред победи на култната трка 24 часа Ле Ман.
Овој пат, Роберт Кубица беше првиот што ја помина целта и ја обезбеди шампионската титула за Ферари на најпознатата трка во светот.
Кубица, поранешен возач на рели и возач на Формула 1, го предводеше екипажот со број 83 до победа, при што тимот на Порше беше втор, а Ферари со број 51 трет.
Интересно, но во недела наутро видовме и мини-конфликт во Ферари. Шефот на тимот му рече на Кубица да вози побавно и да биде зад возилото со број 51, но тој одби.
Одлуката што ја донесоа беше правилна бидејќи Ферарито со број 83 беше очигледно побрзо и на крајот победи во Франција.
Ова беше првата победа во Ле Ман за Кубица и Је, кои станаа првите возачи од Полска и Кина, што ја освоија трката. Заедно со нив славеше и Хенсон.

Порше Пенске Мотоспорт со бројот 6, Модел 963, управуван од Лоренс Вантор, Кевин Естре и Мет Кемпбел, заврши втор и покрај тоа што стартуваше последен во класата хиперкар.
Сепак, на крајот Порше ја пропушти можноста да ја освоји историската тројна круна во трките за издржливост: Возачот Вантор, оваа година ги освои трите Дејтона 24 часа и Себринг 12 часа. Ферариот на Кубица бееше побрзо за само 14 секунди.
Двете фабрички Ferrari завршија на третото и четвртото место, бројот 51 (Алесандро Пјер Гуиди, Џејмс Каладо, Антонио Џовинаци) пред автомобилот со број 50 (Антонио Фуоко, Мигел Молина, Никлас Нилсен).
Победата во категоријата LMP2 Pro/Am ја освои „Спајк д LMP2 Dragon“ – автомобил #199 AO од ТФ ОРЕКА, управуван од ПЈ Хајгет, Дејн Камерон и Луис Делетраз. Ова Pro/Am трио заврши трето меѓу сите LMP2 тимови.
Manthey Racing ја освои класата LMGT3 по втор пат по ред благодарение на доминантното возење од #92 Manthey 1st Phorm Porsche 911 LMGT3 R, управувано од дебитантите Рајан Хардвик и Рикардо Пера – и Ричард Лиц, кој ја освои својата шеста победа во главната класа во Ле Ман и втора по ред.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

