Спорт
(Фото+видео) Нејмар не личи на фудбалер
Нејмар се уште е во процес на рехабилитација од тешката повреда и операција на коленото.
Откако се пресели од ПСЖ во Саудиска Ал Хилал, наводно за 400 милиони евра за две сезони, заработи повреда која го спречи да игра оваа сезона.
Времето го поминува на различни начини, а како што истакнуваат корисниците на социјалните мрежи, очигледно е дека фудбалот не му е во преден план.
Бразилскиот ас е снимен на роденденската прослава на поранешната фудбалска ѕвезда Ромарио. Она што веднаш го привлече вниманието на корисниците на X (поранешен Twitter) е неговиот изглед.
Neymar went from eating defenders to eating defenders’ meal pic.twitter.com/nFAydeF7VG
— Troll Football (parody) (@Troll_Fotballl) January 29, 2024
Иако најверојатно ќе се врати на теренот во посакуваната форма, Нејмар денес не личи на професионален фудбалер, што многумина го коментираат на социјалните мрежи.
„Одбивам да верувам дека е тој“, „Ова мора да е фотомонтажа“, „Што им даваат во Саудиска Арабија?“, „Ја изеде целата плата“, „Каква штета“, се само дел од коментарите.
🚨FAMOSOS: Neymar por outro ângulo na festa de 58 anos de Romário.
Imagens do jogador claramente acima do peso viralizaram na web na manhã desse domingo. pic.twitter.com/Dn0NRptgao
— DIRETO DO MIOLO (@diretodomiolo) January 28, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

